1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тим на ОН патува во Триполи

Жестоките борби меѓу трупите лојални на Моамер ел Гадафи и противниците на режимот продолжуваат. ОН бараат да испратат тим во Триполи како и пристап до луѓето на кои итно им е потребна помош.

default

Националниот совет на отпорот формиран во Бенгази, вториот по големина град во Либија вчера вечер упати итен апел до меѓународната заедница да воведе зона за забрана на летови над Либија. Само на тој начин може да бидат заштитени цивилите од воздушни напади, кои наводно се` уште ги изведуваат трупите лојални на властодржецот Моамер ел Гадафи. Советот, како и досега, одбива ангажман на странски копнени трупи, се вели од Бенгази.

NO FLASH Libyen Kampf oppositionelle Rebellen

Во крајбрежните градови Масрата, 250 километри источно од Триполи, и Бенџава очигледно во текот на ноќта продолжија борбите меѓу бунтовниците и единиците на Гадафи. Очевидците известуваат дека борбите биле жестоки, пренесуваат агенциите. Лекар од Масрата за агенцијата ДПА изјави дека биле убиени 18 лица. Ситуацијата и натаму е непрегледна. Во градот Ал Завија, на оддалеченост од 50 километри од Триполи, со денови се водат жестоки борби.

Во меѓувреме најверојатно се ослободени осумте британски војници, припадници на специјалната единица ЕсАЕс. Заедно со еден дипломат тие со хиликоптер слетале во близина на Бенгази и беа приведени од милициите на опозицијата. Војнциите биле во цивилна облека, но по се изгледа вооружени. Британскиот дипломат според информации во печатените медиуми имал намера да воспостави контакт со отпорот. Тоа меѓутоа е одбиено, поради невообичаената постапка на Британците. Либиската опозиција реагираше налутено поради тоа што ненадејно се појавиле странски војници, без притоа таа да биде информирана. Опозицијата сакаше токму тоа да го спречи, за да не му даде можност на Гадафи да тврди дека опозицијата соработува со странски трупи.

ОН бараат прекин на насилството

Schweiz Wirtschaft Weltwirtschaftsforum in Davos UN Ban Ki mmoon

Бан Ки Мун

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон вчера во Либија испрати тим, кој треба да ги утврди фактите во врска со насилството во земја. ОН исто така постигнаа согласнот со либиското раководство, да дозволи претставници на Светската организација да дојдат во Триполи. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ова го договорил во телефонски разговор со либискиот министер за надворешни работи Муса Куса. Освен тоа, генерланиот секретар повторно побара итно да прекине насилството во северно-африканската земја. Бан Ки Мун го именуваше поранешниот јордански министер за надворешни работи Абделилах ал Катиб за специјален пратеник на ОН за Либија. Негова задача ќе биде со оглед на хуманитарната состојба да ги води преговорите во Триполи.

„На хуманитарните организации им е потребен вонреден излез“ соопшти координаторот за итна помош при ОН, Валери Амос. Таа ги повика властите во Триполи без одлагање да дозволат пристап до луѓето на кои им е неопходна помош, за да бидат спасени животи.

Автор: Петер Штефе/ Александра Трајковска/ дв

Редактор: Трајче Тосев

DW.COM