1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тим на ОН во Ирак

Во Ирак и денеска има демонстрации против САД во градовите Багдад и Кербала, но во спредба со вчерашните 100 илјади учесници, денешните со 5 илјади се од значително помали размери. Вчера на улиците беа приврзениците на Великиот ајатолах Ал Систани, денеска се приврзениците на Моктада Садр, најрадикалниот меѓу шиитските водачи. Вчера беа барани избори и тоа веднаш, денеска бесот на демонстрантите е насочен против автономија на Курдите, планирана од САД, како и против статусот на соборениот диктатор Садам Хусеин како воен заробеник - се бара третман како на криминалец и негова егзекуција.

Членовите на преодниот совет го поздравија резултатот од разговорите на американскиот цивилен управник за Ирак Пол Бремер и генералниот секретар на ОН Кофи Анан. "Го добивме тоа што го сакавме", ги пренесува агенцијата Франс-прес зборовите на членот на Советот Муафак Рубаи. Што всушност беше договорено во Њујорк?

Оние кои очекуваа голем успех за иднината на ОН во Ирак, се разочараа од "самитот" во Њујорк. Генералниот скретар и овојпат можеше да најави само мал напредок.

"Владиниот совет и цивилната управа итно ги замолија ОН, да испратат тим во Ирак , за да испита , дали се можни општи избори во наредните месеци - и доколку не да предложи алтернативи."

Прашањето, дали идната преодна влада ќе биде избрана од застапниците на регионалното собрание или преку општи директни избори, моментно жестоко се дискутира. Со масовни демонстрации политичарите на шиитското мнозинство сакаат да ги притиснат окупаторските сили, да се согласат да гласаат. Обединетите Нации притоа би можеле да ја добијат позицијата на линиски судија - улога која не е лесна, но во секој случај би претставувала нова дефиниција на нејзината улога. Кофи Анан вели:

" Сите се согласивме дека изборите се неопходни, најдоцна до 2005 година. Сега станува збор за тоа, дали безбедноста како и организаторските и политичките услови се погодни уште оваа година да се спроведат општи директни избори. "

Советот за безбедност стои зад иницијативата на генералниот секретар - и покрај тоа што моменталниот претседател амбасасдорот на Чиле, Хералдо Муноз, по седницата зад затворени врати се искажа многу воздржано

"Советот за безбедност ја поздравува средбата на генералниот секретар со владиниот совет и цивилната управа. Во секој случај ја поддржуваме идејата да се испрати тим во Ирак за да се испитаат можностите за директни избори. "

За вистинско враќање на ОН во Ирак се уште не може да стане збор,имено се уште не е одреден ниту временскиот термин кога малиот тим би заминал за Ирак. Исто така нејасно е, кога повторно ќе се постигне присуство на толкав број на соработници на ОН колку што во октомври минатата година целосно се повлекоа од земјата - безбедносната состојба и натаму е премногу несигурна. Хошаир Цебари, порпарол за надворешна политика во ирачкиот владин совет вели:

" Важен момент е тоа што оваа комисија ќе замине за Ирак. Фактот што ќе биде испратена, покажува дека ОН сериозно се заинтересирани да помогнат во овој процес. "