1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Тимошенко ќе отпатува во странство?

Пресврт во случајот Тимошенко: Украинскиот претседател Јанукович по сѐ изгледа е подготвен да дозволи затворената опозиционерка да отпатува во странство. Ова би ги подобрило односите со ЕУ.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович, според агенцијата Интерфакс, рекол дека во парламентот во моментов се подготвува соодветен закон. „Доколку парламентот го усвои законот, се разбира ќе потпишам“, дополнил Јанукович.

Германската влада понуди Јулија Тимошенко, која има проблеми со р'бетните дискови да биде медицински третирана во Германија.

Поранешната украинска премиерка веќе две години е во затвор. Таа беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на функцијата. ЕУ во овој случај гледа политички мотивирана пресуда на украинското судство.

Затворената Тимошенко се смета за голема пречка на патот кон планираниот Договор за асоцијација, со кој Украина економски и политички би се приближила до ЕУ. Договорот би требало да биде потпишан на крајот на ноември на самит во Вилнус.

Германскиот министер за надворешни работи во заминување Гидо Вестервеле за случајот зборуваше со Јанукович при неговата посета на Киев минатата недела. Тој исто така се сретна со ќерката на Јулија Тимошенко, Евгенија Тимошенко. Тогаш украинското раководство

Damals signalisierte die ukrainische Führung ihm jedoch noch, dass sie Timoschenko nicht ausreisen lassen wolle.