1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тимошенко обвинета за организација на убиство

Украинското државно обвинителство ја обвинува затворената опозициона лидерка Јулија Тимошенко дека организирала убиство на пратеник.

Постојано нови обвинувања против Јулија Тимошенко - главниот обвинител Виктор Пшонка во Киев изјави дека лидерката на опозицијата е под сомнение дека го организирала убиството на пратеникот Јевген Шчербан во 1996 година. Истрагата наводно покажала дека Тимошенко дала налог за убиството заедно со поранешниот премиер Павло Лазаренко. Доколку биде прогласена за виновна, на Тимошенко и‘ се заканува доживотна казна затвор. Лазаренко во моментов е во затвор во САД.

Адвокатот на Тимошенко, Сергеј Власенко, обвинувањата ги нарече „апсурдни“. Обвинителството во декември соопшти дека налогот за убиство наводно го платило претпријатие на Тимошенко. Шчербан беше убиен заедно со сопругата на аеродромот во Доњецк. Во тоа време Тимошенко и Шчербан беа активни во вносниот бизнис со гас во Украина. Тимошенко демантира има што било со убиството.

Поранешната премиерка на Украина беше затворена во октомври 2011 година, поради обвиненија за злоупотреба на службената должност и беше осудена на седум години затвор. Пресудата и судскиот процес против Тимошенко од страна на Западот беа критикувани како политички мотивирани.