1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Тимот на Тојота оптимист за новата сезона

На 7 март со големата награда на Авсрталија во Мелбурн започнува годинашнава сезона во Формула 1. Како големи фаворити важат тимовите на Ферари, Мекларен Мерцедес и БМВ Вилијамс. Од тимовите кои важат за аутсајдери шанси уште му се даваат на Рено. Тимот на Тојота сепак со голем оптимизам влегува во стартот на новата сезона на Формула 1. Јапонскиот тим со седиште во Келн многу полага на подобрените перформанси на автомобилот како и на возачите Оливие Пани од Франција и Кристијано да Мата од Бразил. За годинешните цели на Тојота, техничкиот раководител на тимот Норберт Крејер истакнува: "Целите на Тојота за 2004 година се јасно поставени. Прво сакаме да се квалификуваме меѓу првите шестмина. Втора цел, која за нас е многу поважна е константно да се освојуваат поени, бидејќи на крајот само тие се бројат. Трета цел е да се обезбеди место на подиумот."