1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тимот на МААЕ го напушти Иран без напредок

Тимот на Меѓународната агенција за атомска енергија по дводневни разговори го напушти Иран. Шефот на МААЕ Јукија Амано на интернет-страницата на организацијата напиша дека е разочаран од текот на преговорите.

default

Експертите на МААЕ

При втората посета на тимот експерти во Иран, под раквоодство на Херман Накертс, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара приспат до постројката Пархин, сместена во близина на една од воените бази во Иран. Организацијата претпоставува дека таму се работи на создавање атомско оружје. Иранската влада одби да дозволи пристап.

Инспекторите во Иран се обидоа да дојдат и до натамошни детали за контроверзната атомска програма, но како што се вели во Виена, и тука немало соработка. По враќањето на инспекторите од Иран, западните држави во Советот за безбедност на ОН соопштија дека ќе се држат до санкции против Техеран. Дипломати во Њујорк изјавија дека Иран ни од блиску не ги исполнил условите на ОН и затоа притисокот мора да се задржи. За разлика од МААЕ, во Иран се вели дека дводневната посета на делегацијата покажала оти соработката со контролното тело на ОН оди најдобро што е можно,

Автор: ЕМФ/ дв/ дпа

Редактор: А.Трајковска

DW.COM