1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тимерманс: Македонија да продолжи со интегративните политики

Холандија безрезервно ја поддржува Македонија и нејзините интеграции во ЕУ и НАТО, порачал шефот на холандската дипломатија Франк Тимерманс на средбата со лидерот на ДУИ. Али Ахмети.

Холандскиот министер за надворешни работи изразил очекување што е можно поскоро да се реши проблемот меѓу Македонија и Грција. Тој порачал дека земјата мора да продолжи со интегративните политики и со политиките на помирување. Тимерманс ветил дека ќе ги информира своите колеги во ЕУ за потребата да се реши овој спор на најдобар можен начин, како дел од европската агенда за проширување. Холандскиот министер нагласил и дека е потребно двете страни да изразат политичка волја за постигнување на компромис, како и да се интензивираат напорите за решение на проблемот.

Ali Ahmeti, Mazedonien

Али Ахмети

Ахмети му се заблагодарил на Тимерманс и изразил голема почит за улогата што Холандија ја имаше во воспоставувањето на мирот и изградбата на демократските институции во Македонија и регионот. Лидерот на ДУИ изразил загриженост дека сите овие големи достигнувања, постигнати во партнерство со меѓународната заедница, се загрозуваат со доцнењето на зачленувањето на Македонија во НАТО и ЕУ.

„Доцнењата можат да влијаат на квалитетот и динамиката на реформите очекувани од ЕУ и затоа, како што заеднички ги градевме мирот и стабилноста во Македонија и регионот, со помошта на Брисел, Вашингтон и земјите членки на ЕУ, така ќе треба да ја решиме сериозната пречка којашто ја држи во заложништво евроатлантската иднина на Македонија“, порачал Ахмети.