1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Тигарот“ Спасов осуден на 14 години затвор

Игор Спасов, припадникот на македонската специјална единица „Тигри“, е осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски, пресуди денеска (16.01.2012) Кривичниот суд во Скопје.

default

Убиството на Нешковски предизвика масовни протести на младите во Скопје

Судот го прогласи за виновен за убиство со умисла, а до правосилноста на пресудата ќе остане во притвор. Според обвинението, Спасов го претепал Нешковски поради банална причина додека на плоштадот се прославувала победа на ВМРО ДПМНЕ на предвремените избори лани во јуни.

Судот пред да ја изрече пресудата на кратко образложи зошто донел осудителна пресуда.

„Судот од невропсихијатриското вештачење утврди дека Спасов е емоционално несигурен и бегањето на Мартин било само иницијална каписла. Тој не може да поднесе и дозволи некој да му бега и импулсивно реагирал. Бил свесен за постапките. Го тепал момчето кое е и физички помало од него и не се бранело. Го удирал, иако Мартин молел да го остави”, кажа судијата.

Судењето траеше неколку месеци. За време на целиот судски процес Спасов го негираше убиството.

Mazedonien Proteste Jugend Martin Neskoski

Семејството на Нешковски не е задоволно од изречената пресуда. Александар Нешкоски, брат на убиениот Мартин и семејството без оглед на пресудата, најавуваат понатамошна борба за да дојдат до вистината кој го уби Мартин. Тие бараат командна одговорност. Денеска по пресудата во Скопје беше одржан протестен марш од плоштадот „Македонија“ до Обвинителството.

Адвокатот на Спасов Ване Цветанов по изрекувањето на пресудата изјави: „Ќе поднесеме жалба бидејќи сметам дека е ова превисока казна. Вештите лица беа контрадикторни, затоа баравме вештачење за психичката состојба на Спасов, но судот одби. Во однос на барањето Спасов да биде ослободен од чувањето службена тајна, МВР одговори дека судот треба да се обрати и да побара што го интересира, а не да даде дозвола на обвинетиот да зборува. Затоа Спасов и не можеше за некои околности да се произнесе”.

Пресудата е првостепена и не е конечна, сите во постапката имаат право на

жалба до Апелациониот суд во Скопје.

Автор: ЖА/СН/миа/макфакс

Редактор: Симе Недевски