1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тивка дискотека

Една дискотека за сите музички вкусови! Сите танцуваат на музика што ја сакаат и тоа истовремено. Тоа го овозможува тивката дискотека. Секој со слушалки на главата, а во просторијата се слуша само тропање на нозете.

Замислете си дека е сабота навечер и дека одите на танцување. Румба, ча-ча-ча, битфокс - она што знаете.

И замислете си дека вашите пријатели имаат понаков вкус за музика, односно сакаат хип хоп или реге. Во таков случај е тешко. Или пак, можете да отидете во „тивка дискотека“. Карстен Вебер од училиштето за танцување Франкфурт-Хехст, објаснува:

„Генијалното е што можете да бирате меѓу два различни музички правци. Се разбира, би било добро кога двојките што танцуваат заедно би слушале иста музика. Сепак, тие имаат можност и да сменат и да си речат - сега ќе танцуваме хип хоп или хаус.“

На првиот канал на слушалките се емитува музика за стандардни танци. Дискџокејот е на вториот канал. Но во просторијата е мирно. Се слуша само тропањето на стапалата и понекогаш некој извик на воодушевување.

Silent Disco Flash-Galerie

„Кога танцувам се вртам наоколу и гледам сосема нешто друго“, вели Синди Драмонд.

„Само се танцува и не се разговара“, објаснува Тобијас Шмит.

Лаура Бургарт дополнува:

„Се концентрирате всушност на тактот и на партнерот.“

„Околу не е гласно, па и луѓето во бистрото можат да разговараат“, вели Маркус Грен.

Селина Мемисоглу оценува:

„Смешно е кога ќе ги тргнете слушалките, секој танцува, а музика не се слуша.“

Тоа е голема предност во училиште за танцување. Тука гласот од слушалките дискретно ги води танчарите преку мазниот паркет.