1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тивката ѕвезда на мебелскиот дизајн

За време на одржувањето на Саемот на мебел, германската метропола Келн се претвора во изложбен простор со повеќе од 200 изложби во културни институции и музеи. Годинава гостин е и јапонскиот дизајнер Токујин Јошиока

default

Токујин Јошиока

Токујин Јошиока љубезно се насмевнува, благо се поклонува и седнува на една од своите нови креации- клупата која на нарекува „Невидлива“. Таа е навистина речиси невидлива. Се состои од четири прозирни блокови од специјално стакло. „Инвизибл“ не изгледа многу удобно. Нејзиниот автор вели дека на неа се чувствува како да лебди во вселената, во бестежинска состојба. Изложбениот простор го исполнува амбиентална музика, а во воздухот се бели облаци магли. Опкружувањето е нестварно. Посетителот минува низ дизајнерските креации кон белото светло.

Јошиока е одушевен од белата боја. Речиси сите негови креации се бели. Вели дека сака да биде во близина на светлината, а белата боја е најслична на светлината. Прозирното му се допаѓа затоа што „ја рефлектира светлината“.

Фотеља како фустан

Магазинот „Архитектура и живеење“ го прогласи Јошиока за дизајнер на годината 2010. Јошиока уште пред девет години оствари голем успех. Неговата креација „Honey Pop Chair“ доби постојано место на изложбата во Музејот на модерни уметности во Њујорк.

Sessel Heaven von Tokujin Yoshioka

Фотелјата „Рај“ на Јошиока

Креациите на Јошиока делуваат едноставно, но полни се со изненадувања. На пример, фотелјата „Panna chair“, која делува многу масивно, изгледа како да е направена од еден вид ориз. Но, станува збор за метална конструкција пресвлечена со крпа. Таа му се прилагодува на корисникот како еластичен фустан на телото. Едноставната идеја е надополнета со модерна техника.

Креации полни со изненадувања

Таков е случајот и со столчето наречено „Bouqet“. Тоа е столче од платно кое изгледа како цвет. Јошиока ги црпи своите идеи од природата и потоа смислува техника потребна за од тоа да се направи парче мебел. Резултатот би требало да го одушеви корисникот и да ги предизвика неговите чувства, како позитивни, така и негативни. Така е и со мебелот од серијата „Невидлив“, делува лесно, но во суштина е многу масивен. Кураторката на дополнителните изложби кои се организираат во рамките на Саемот на мебел, Сабине Фогенрајтер се намачи со поставувањето на клупите и столчињата на Јошиока.

„За да ги подигнеме на подиумот не ни беа доволни ни шест, ниту осум мажи. Моравме да користиме дигалка“.

Kölner Möbelmesse Imm Cologne 2011

Меѓународниот саем за мебел во Келн и годинава е меѓу најпосетените

Мебелот на Јошиока воопшто и не е замислен за масовниот пазар. Во мнозинството случаи станува збор за уникати, и тоа многу скапи.

„Тоа се скулптури, тоа не се само предмети за употреба“, вели главната уредничка на магазинот „Архитектура и живеење“, Барбара Фридрих.

Креациите на Токујин Јошиока се многу повеќе од мебел, тие се настани. Или како што вели самиот дизајнер „нешто што може да се доживее седеејќи“.

Автор: Сабине Елце/Борис Георгиевски

Редактор: Симе Недевски