1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тибеќанци со самозапалување протестираат против кинеската политика

Третпат во рок од три дена на југозападот на Кина се самозапали човек во знак на протест против кинеската политика кон Тибет. Тибеќанците со децении се жалат на социјална и религиозна дискриминација.

На југозападот на Кина повторно се самозапали човек протестирајќи со тоа против кинеската политка кон Тибет. Во префектурата Аба, во провинцијата Сичуан, се самозапалило 18-годишно момче, откако извикало критички слогани за владата, соопштија активисти за заштита на човековите права. Во неделата на истото место се самозапали мајка на четири деца, а ден претходно и едно девојче. Како протест против кинеската политика во една година се самозапалија повеќе од 20 Тибеќанци.

Во 1951 година Кина го окупираше Тибет и оттогаш строго го контролира регионот. Тибеќанците со децении се жалат поради социјална и религиозна дискриминација. Нивниот духовн водач Далај Лама ја обвинува кинеската влада за „културен геноцид“. Пекинг, од своја страна, го обвинува Далај Лама дека се стреми кон отцепување на Тибет.

На 10 март Тибеќанците им оддаваат почит на жртвите од бунтот во 1959 година, кога Далај Лама замина во егзил. Бунтот беше крваво задушен, а десетици илјади Тибеќанци ги чинеше живот. Секоја година во овој период во тибетските области се зголемува протестот. Исто така туристи во овој период не смеат да патуваат во регионот.

Автор: АТ/ АМ/ дпа/ афп/ ртре/ дпаде

Редактор: Елизбета Милошевска Фиданоска