1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Те отпуштаат, па те вработуваат за помалку пари

Германскиот пазар на работна сила последниве години стана пофлексибилен и со тоа поотпорен на искушенијата на глобализацијата, како актуелната светска економска криза.

default

Заводот за вработување го издржа притисокот на кризата

Минатата, 2009 година, во Германија имаше пријавено 3,4 милиони невработени, што претставува стапка од 8,2%. Тоа е зголемување за само 0,8% во однос на 2008. За споредба, во истиот период вкупното производство опадна за 5%. Тоа што пазарот на работна сила досега беше поштеден од најтешката рецесија во повоената историја на земјата се должи пред се’ на посебната мерка, што во Германија се нарекува „намалена работа“. Притоа работодавачот, во договор со работничкиот совет, го скратува работното време на дел од вработените. Тој соодветно на тоа и ги плаќа работниците, додека остатокот до 60% од претходната плата, колку што би добивале за случај на невработеност, ги надоместува Заводот за труд. Во Германија ваквата мерка моментално ја користат околу еден милион вработени. Таа треба да им помогне на претпријатијата да не мораат веднаш да ги отпушат работниците кога ќе дојде криза, а исто така и да не мора да бараат и да обучуваат нови кога кризата ќе помине.

Отежнато отпуштање

Втора причина за релативно стабилната ситуација на

Symbolbild Finanzkrise. Ein Aktienhaendler an der Boerse in Frankfurt am Main

Привремениот работен однос има проблематични аспекти

германскиот пазар на работна сила е фактот што работниот однос ужива посебна заштита. Фирмите можат да отпуштаат само доколку се исполнети два предуслова: прво, кога се принудени да го затворат претпријатието или да извршат сериозни преструктуирања и второ, кога работникот ќе направи сериозни пропусти во работниот процес. Ова важи секако за оние во постојан работен однос. Таква среќа имаат околу 60% од вработените. Оние другите 40 проценти се во понезавидна положба и се први на удар кога станува збор за отпушање, тврди експертот Вернер Ајххорст: „’Позајмена работна сила’ е термин што го користат противниците на овој облик на вработување за да ги критикуваат оние аспекти што се проблематични.“

Поевтина работна сила

Пример за проблематичните аспекти на привремениот работен однос имаше неодамна, кога синџирот дрогерии „Шлекер“ отпушти дел од своите работници за подоцна да ги прими повторно на работа, но како привремено вработени - секако за многу помали пари. Поголемиот дел од така вработените сега добиваат половина од претходната плата. Вистинската смисла на привременото вработување беше всушност да им помогне на претпријатијата да ги покријат фазите со неочекувано голема побарувачка.

И уште еден фактор помогна во стабилизирањето на пазарот на работна сила во екот на економската криза. Имено, во производниот сектор во Германија се вработени само уште 22%, додека во услужните дејности работат речиси три четвртини од сите вработени во земјата. Услужните дејности се и натаму во подем, така што можеа да прифатат дел од вишокот работници од производниот сектор.

Автор: Жанг Данхонг/Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска