1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тејлор на пат кон Трибуналиот на ОН за воени злосторства во Сиера Леоне

По обидот за бегство од егзил во Нигерија во средата е уапсен поранешниот либериски претседател Чарлс Тејлор, обвинет за воени злосторатсва. Тејлор е екстрадиран во неговата татковина, либерискиот главен град Монровиа од каде треба да му биде предаден на Трибуналот на ОН за Сиера Леоне.

Чарлс Тејлор

Чарлс Тејлор

Чарлс Тејлор е уапсен. Со тоа завршува последното поглавје на либериската граѓанска војна. Неговото исчезнување без трага од егзил во Нигерија предизвика вознемиреност кај меѓународната заедница, бидејќи поранешниот диктатор на Либерија на совест носи една од најкрвавите граѓански војни. Војната траеше 14 години во кои животот го загубија 400.000 луѓе. Посредникот на ОН Жак Клајн учествуваваше на крајот на граѓанската војна во Либерија во 2004 година.

„Најголемиот грев на Тејлор беше што го криминализираше целото општество. Ако луѓето не бидат платени за својата работа што се случува тогаш: црн пазар, корупција, мито. Како да се излезе од овој менталитет, преку тоа што вработените во државниот апарат треба да чувствуваат одговорност, полицијата исто така .“

Тејлор беше поранешен претседател, еден од кој најмногу се стравуваше во Африка: брутелен, бескрупулозен и ладнокрвен. Нигерискиот претседател Олесегун Обасанјо две години му овозможи егзил. Тој во 2003 година го наговори да поднесе оставка и му понуди државна луксузна вила во јужно нигерискиот Калабар. На крајот на војната тој сеуште имаше приврзаници, но политичарот го измами својот народ, поранешниот детски војник Квеи Тума

„Направивме грешки во минатото. Сите гласавмеза Чарлс Тејлор. Бев млад. Но на улиците славевме, кога слушнавме дека победил. Сега гледаме каде не доведе тоа и треба да ни биде поука.“

Меѓународната заедница стравуваше дека Тејлор би можел да се врати во Либерија. Новата либериска претседателка Елен Џонсон Сирлиф побара испорака на Тејлор, по што се зголеми меѓународниот притисок, Нигерија да го прекине егзилот на Тејлор. Тој бил уапсен на границата со Камерун, најверојатно на пат кон Либерија, каде бескрупулозниот политичар виде можност за повторно добивање на власта со помош на неговите приврзаници.

Но во меѓувреме Чарлс Тејлор е екстрадиран во Либерија. Набљудувачите сметаат дека либерискиот главен град ќе биде само кратка меѓу станица пред да биде испорачан на Трибуналот за воени злосторства во Сиера Леоне.