1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешко совладување на минатото во Бугарија

Списоците на соработници на тајната служба не предизвикаа големо внимание во бугарското општество, оти темата беше премногу злоуопотребувана во предизборните кампањи. Многумина од тие списоци денес се на клучни позиции?

default

Софија - зградата на бугарскиот парламент

Кон крајот на 2006, бугарскиот парламент избра 9-члена независна комисија, со задача да ги отвори архивите на службата за безбедност од комунистичкото време. „Кога беше објавено моето име на списокот на соработници на тајната служба, бев малку изненаден. Јас придружував западни новинари за време на нивните патувања во Бугарија и потоа морав писмено да информирам и да ги потпишам извештаите. Подоцна дознав дека тоа требало да биде само почеток. Ним им требаа луѓе со познавање на странски јазици и јас морав во секое време да бидам подготвен за ангажман. Се чувствувам малку лошо, оти на тој список ги нема имињата на оние, за кои отсекогаш знаев дека се соработници на службата за безбедност.“ Ова е историјата на еден новинар од Бугарија, кој од пред повеќе од 30 години работи во бугарското радио. Минатата есен, 19 години по пресвртот, Комисијата за актите на тајната служба објави список на неофицијални и на професионални соработници на службата. Новинарот го најде своето име на тој список.

Комисијата е уште на почетокот на работата, вели нејзиниот член Екатерина Бончева. Таа нагласува дека одамна е дојдено времето да се расветли сторената неправда. „Сакаме да ги наведеме луѓето да се соочат со тоа минато, да читаат за тоа и да сфатат како навистина било. Дури тогаш ќе можеме да ставиме точка врз минатото и дури тогаш ќе ја надминеме носталгијата по тоа време, оти таа почива единствено и само врз незнаење. Комунистичката ера мора да биде обработена, и тоа не само од историски и морален агол. Мора да се разберат и да им се стави крај на зависностите во политиката и стопанството“, вели Бончева.


„Општеството стана рамнодушно, луѓето не ја разбираат важноста на темата“

Совладувањето на минатото е ионака тешка тема за поранешните социјалистички држави, а во Бугарија уште е и дополнително отежнато. Во годините на премин кон демократија, политичарите од целиот спектар постојано ги користеа актите на тајната служба како предизборна тема, се’ додека веќе никој не сакаше да го слуша тоа, и така веќе одвај да беше регистрирано секое објавување на

Vladimir Zarev

Писателот Владимир Царев

нови информации од страна на Комисијата за актите на тајната служба. „Тоа е симптоматично за инертниот и мачен премин при пресвртот во Бугарија“, тврди Владимир Царев. Неговата книга „Пропаѓање“ е досега единствениот бугарски роман за пресвртот. „Општеството стана рамнодушно. Луѓето не ја разбираат важноста на оваа тема. Тие гледаат површно, понекогаш не сакаат да ја согледаат длабочината на процесот. Оттука и оваа состојба на транс во однос на еден од најзначајните проблеми што притискаат во нашево време“, вели Царев. Бугарија немаше дисиденти, ниту Прашка пролет или востание како во Источна Германија. Голем дел од оние, чие минато е оптоварено од соработката со тајната служба, денес се на клучни позиции во политиката, стопанството и јавниот живот, смета Царев. „Службата за безбедност учествуваше во формирањето на новите демократски партии по пресвртот и уфрли свои агенти во нив, за да може да ги манипулира. Тоа од самиот почеток ја упропасти демократијата во Бугарија. Долгата рака на службата се протега врз целиот наш живот и ние не успеавме да ја отсечеме уште на самиот почеток на демократскиот пресврт“.


Владите во годините по пресвртот ги отстранија „жешките“ досиејa

Се смета дека во осуммилионска Бугарија имало повеќе од 300 илјади тајни агенти и уште 6 илјади вработени во внатрешната тајна служба. Се проценува дека во нејзината архива има околу два милиона собрани документи и до

Studentenkorrespondentin Arden Pennell Stasi Bilder

250 илјади тајни досиеја. „Жешките“ досиеја за акциите за политички прогон и елиминирање на домашните противници на режимот, ги отстранија владите во годините по пресвртот. „Беше доцна навечер кога некој ми се јави дома по телефон и ми рече дека од министерството за внатрешни работи изнесуваат документи, цели камиони полни со документи. Им го кажав тоа и на пријатели, на познаници и на колеги, но не презедовме ништо, не се ни обидовме да ги запреме камионите“, се сеќава Екатерина Бончева на настанот од 1990 година, кога работеше во опозициониот весник „Демокрација“.

Комисијата во која членува сега сака да ја истера работата до крај, да ги „прочешла“ сите акти на поранешните тајни служби и потоа да му ги предаде на бугарскиот централен архив. Сон на Бончева е да биде востановен Институт за национално сеќавање.


Автор: Весела Владкова / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска