1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Тешко повреден политичар од опозицијата во Казахстан

*

Во напад во руската република Казахстан тешко е повреден членот на опозиционите либерали Бабајев. Политичарот од партијата Јаблоко важи за главен регионален кандидат на претстојните парламентарни избори. Претседател Владимир Путин на само една и пол недела пред парламентарните избори во земјата го заостри својот тон против опозицијата. Своите политички противници тој ги нарече шакали и ги обвини дека сакаат да ја ослабат земјата. Партијата Единствена Русија која ја предводи Путин, според анкетите води и најверојано ќе победи на изборите закажани за 2 декември. Вториот и според уставот последен мандат на Путин му завршува во првата половина на наредната година.