1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Тешко е да се постигне компромис со еден сосед!

Герхард Шуман-Хитцлер од Директоратот за проширување на Европската комисија во разговор за ДВ: Тешко е да се постигне компромис со сосед и нема да има напредок во спорот за името ако секоја страна стои на своите позиции.

И по петтата последователна препорака на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Македонија, извесно е дека на декемврискиот самит на Европскиот совет, Македонија уште еднаш ќе биде заобиколена. Може ли Европската комисија да влијае врз Грција со што би ја сочувала веродостојноста на својата работа, а на Македонија би и‘ се отвориле европските перспективи, за ДВ говори Герхард Шуман-Хитцлер, прв човек на Одделот за ИПА стратегиите и регионалната соработка во Директоратот за проширување на Европската комисија.

„Во Европската унија има различни лица, со различни одговорности со кои се преговара. ЕУ сега ја чинат 28 земји членки.Секоја членка за себе мора да одлучи како гледа кон иднината. Комисијата ги застапува заедничките интереси и затоа оди малку понапред и се залага за натамошни интеграции и прием на нови земји членки. Затоа и има петти последователен предлог дека пристапните преговори (со Македонија) треба да започнат. Но, ние не можеме да одлучуваме. Ние можеме само да предлагаме. Постои, меѓутоа, можност да дојде до поголемо раздвижување во билатералните односи. Секогаш е тешко да се постигне компромис со еден сосед. Но, секогаш се поставува и прашањето - колку некому му е важен напредокот? Што може да се постигне со договорот? Ако секој секогаш си стои на познатите позиции, нема да може да има напредок. Ова важи и за обете страни“, категоричен е Герхард Шуман-Хитцлер.

Со оглед што шансите да се случи нешто во овој месец, декември 2013. се речиси рамни на нула, а во мај 2014. се изборите за европските институции, останува впечатокот дека Унијата ќе нема маневарски простор во првата половина од 2014. да се занимава со проширувањето и Македонија. Ќе биде ли и 2014 – тата уште една попусто чекана и пропуштена година за македонските евроинтегративни процеси?

„Не мора да е така! Во првото полугодие од 2014. година Грција го има престедателство со Европскиот совет. Сметам дека токму поради тоа Грција ќе има интерес да го турка нанапред европското обединување, но и отвореноста на Европската унија пред се’ кон земјите од Западниот Балкан. Ова е од нејзин национален интерес. Можеби и токму затоа ќе се случи напредок - токму во првите шест месеци од 2014. и токму под грчкото претседателство“, подвлекува за ДВ Герхард Шуман-Хитцлер, директор на Одделот за ИПА стратегиите и регионалната соработка во Директоратот за проширување на Европската комисија.