1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешко до нов договор за климата

Во Бон во тек е двонеделната меѓународна конференција за климатските промени на која учествуваат делегати од 184 земји. Пред големиот Самит за климата во Дурбан во декември потребно е да се усогласат бројни прашања.

default

Конференција за климата во Бон

Иронијата е во тоа што токму Јапонија беше една од првите земји која го отфрли договорот за заштита на климата кој во 2012 требаше да го наследи Протоколот од Кјото. Земјата која се соочи со земјотрес, цунами и атомска катастрофа одбива да го продолжи досега единствениот обврзувачки меѓународен договор за климата. Протоколот од Кјото кој истекува во 2012 година поставува ограничувања во емисиите на штетни гасови за 40-те најразвиени земји во светот. Покрај Јапонија ниту САД, Русија и Канада не сакаат продолжување на договорот. Тие сметаат дека тоа би требало да се регулира на доборволна база.

Од тоа тогаш не би било ништо смета Јан Ковалциг од невладината организација Оксфам:

„Потребна ни е политичка согласност најдоцна до крајот на годинава. Ако тоа не се случи Протоколот од Кјото ќе пропадне“, предупредува Ковалцки.

UN Klima Konferenz Bonn

Кристијана Фигуерс, шефица на Секретаријатот за клима на ОН

Недостасуваат сретства за „Зелениот фонд“

Иако шефицата на Секретаријатот на ОН за клима Кристијана Фигуерас не е толку голема песимистка и таа самата смета дека сега е веќе касно на двонеделнаата рунда преговори која во минатиот понеделник започна во Бон да се постигне целосна согласност:

„Многу нешта се случија на последната конференција во Канкун. Најважно е секако што владите за првпат постигнаа согласност за органичување на глобалното затоплување на два Целзиусови степени, со можност тоа евентуално да биде и 1,5 степени“, рече во Бон , Фигерес.

На конференцијата во Канкун беше договорено и формирање на т.н „Зелен фонд“ во кој годишно би требало да се слеваат 100 милијарди долари и од кој треба да се финансираат долготочните мерки против климатските промени. Меѓутоа не е познато како ќе се дојде до тие сретства.

За договор за такво нешто не се доволни овие две недели во Бон и таквите прашања веројатно ќе се најдат на дневен ред на климатскиот самит закажан за декември во Дурбан. Сепак ни тогаш не може да се очекува некаков значаен напредок. Како што стојат работите , тоа би можело да се случи најрано во 2014 или 2015 година.

Автор: Хеле Јепесен/ Симе Недевски

Редактор: Елизабета Милошевска Фидановска