1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Тешкото“ не e на листата на УНЕСКО

УНЕСКО ги прогласи новите четириесет и три ремек дела на усното и духовното наследство на човештвото

default

Mеѓу новопрогласените ремек дела се наоѓаат: “Рамлила“, традиционалната индиска претстава на Рамајаната, “Кабуки“ од Јапонија, “Маскарадата“ на Макиши од Замбија и “Самбата де Рода“ од Бразил.

За жал на листата на УНЕСКО не се најде македонското оро „Тешкото“ и покрај неговата пролетна изведба во УНЕСКО. „Тешкото“, исто како и „Галичката свадба“ во претходните две селекции не беше избрано од жирито, со кое годинава претседаваше јорданската принцеза Басма Бинт Талал. Покрај предлогот за „Тешкото“ од Македонија, жирито бираше меѓу 64 кандидатури поддржани од 74 држави членки на УНЕСКО.

Навистина е тешко да се дознае зошто “Тешкото“ не се најде на листата на УНЕСКО, на која беа додадени албанската народна изополифонска музика и полифонските игри и архаични обреди „Баби од Бистрица“, од регионот Шоплук во Бугарија. Дали не беа доволно извлечени поуки од неуспехот на „Галичката свадба“, не знаеме.

Последното прогласување е најверојатно последно од ваков вид, бидејќи на Генерална конференција на УНЕСКО во 2003, беше усвоена Конвенцијата за заштитата на духовното нематеријално културно наследство, што подразбира создавање на репрезентативна листа на културното духовно наследство на човештвото и на една листа на која се наоѓа наследството за кое е потребна итна заштита. Конвенцијата наскоро ќе стапи на сила, бидејќи веќе е ратификувана од 26 држави, а потребни се 30. На конвенцијата автоматски ќе се најдат сите досега прокламирани ремек дела.

Денес на листата на заштитените духовни наследства на човештвото се наоѓаат 90 ремек-дела од народното традиционално усно, музичко, танцовно, ритуално и митолошко изразување. Често, тие се на работ од исчезнувањето, листата има за цел да ја сенсибилизира светската јавност за ова наследство, носител на културната разноликост и идентитетот на народите.