1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешки разлики за планот за заминување на Башар ал-Асад

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг ги повика Русија и Кина да се согласат со западните сили за политичката транзиција во Сирија на кризниот состанок што започна во Женева. Можно е да нема договор.

„Постои можност за меѓународната заедница да биде многу посилна и да се однесува многу посилно , но тоа можеме да го направиме само со договор со Рисија и Кина“, им рече Хејг на новинарите кои ги следат разговорите во зградата на Обединетите нации во Женева. „Немаме постигнато договор со Русија и Кина. Тоа остнаува многу тешко и дали би било можно – не знам дали би било можно“, додаде тој.

Разговорите во Женева се организирани од меѓународниот посредник Кофи Анан. Шефовите на дипломатиите на САд и Русија синоќа не успеаја да ги премостат разликите во ставовите за кризата во Сирија, во очи на одржувањето на мултинационалната конференција. На неа е планирано да се одобри планот со кој ќе се олесни заминувањето на претседателот Башар ал-Асад од власта.

Clinton und Lawrow in St. Petersburg

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во Санкт Петербург со министерот за надворешни работи Русија Сергеј Лавров

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во Санкт Петербург еден час разговараше со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а потоа двајцата имаа и заедничка вечера, по што Клинтон отпатува од Русија. Извори од состанокот информираа дека на разговорите биле подлабоко разгледувани сите аспекти за кои двете страни не се согласуваат.

Иако првично беше искажана поддршка за планот што го турка медијаторот Кофи Анан, сега се чини дека разликите во позициите за него се тешко надминливи. Планот на Анан повикува на формирање влада на национално единство, која би го надгледувала создавањето на новиот устав и би спровела избори. Американски функционери тврдат дека планот нема да му дозволи на Асад да остане на власт, како дел од владата на национално единство.