1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Тешки одлуки“ пред Белград и Приштина

Во Брисел денеска паралелно со објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на во евроинтеграцијата, ќе се состанат работни групи на Белград и Приштина за имплементација на заедничкото управување со границите.

Во пресрет на првиот состанок на работните групи на Белград и на Приштина во Брисел сметаат дека токму имплементацијата на заедничкото управување на границите (ИБМ) ќе биде една од „тешките одлуки“ кои го чекаат Белград во продолжението на дијалогот.

Во Советот на ЕУ објаснуваат дека со потпишувањето на техничкиот протокол од страна на Србија се создадени можности да се тргне напред со примената на ИБМ, а наредниот чекор во таа насока е токму состанокот на техничките работни групи.

Не очекуваме сите детали да бидат договорени на еден состанок, имајќи го предвид искуството од претходните состаноци. На пример работната група за имплементација на договорот за слобода на движењето се состануваше десетина пати. Таа работа потраја и за време на изборниот процес во Србија, наведуваат дипломатски извори во Брисел.

Што чека Белград...

Кога станува збор за примена на договорите веќе постигнати во дијалогот во прв ред договорот за заедничко управување со граничните премини, во Брисел има и такви кои сметаат дека токму тоа е една од „тешките одлуки“, кои српската страна ќе мора да ги донесе во продолжените на разговорите со Приштина.

„Се согласувам со Кетрин Ештон дека претстојат тешки одлуки. За Србија е многу важно , премиерот Ивица Дачиќ кој беше министер за внатрешни работи во периодот кога беше постигнат договорот, да го потпише ИБМ и да се тргне со негова имплементација“, изјави за ДВ, Улрике Луначек, известувачка на Европскиот парламент за Косово.

Ulrike Lunacek Österreich Europäisches Parlament

Улрике Луначек. австриска европратеничка и известувачка на ЕП за Косово

Друга „тешка одлука“, која според нејзините зборови ја очекува Србија , се однесува на прашањето на паралелните структури на северот на Косово. „Во Европарламентот поддржуваме и сметаме дека не е проблем доколку Белград сака да финансира и да помага здравствени и образовни структури на Косово, на северот или на југот, но тоа мора да го прави транспарентно и во соработка со косовските власти“.

...а што Приштина

На прашањето за можни „тешки одлуки“, кои се очекуваат во продолжението на дијалогот во кабинетот на шефицата на европската дипломатија не сакаат да конкретизираат, но наведуваат дека „дијалогот служи за да се отстранат пречките на патото кон ЕУ и оти во тој контекст се и прашањата поврзани и за северот на Косово“. Токму соработката на косовските власти со Србите во северно Косово во ЕП е оценета како значаен предизвик за Приштина.

„таква соработка не постои, не на начин на кој на тие луѓе би им се ставило до знаење дека се навистина добредојдени. Зарбите од југот на Костово е многу сторено, но за северот би било добро владата на премиерот Хашим Тачи не само да отвори канцеларија туку да смисли и стратегија со цел тие да се чувствуваат како дел од земјата“, смета Луначек. Таа додава дека истовремено косовските претставници и членовите на владата во Приштина би требало да говорат и српски, кој покрај албанскиот е втор официјален јазик на Косово.

Поделба на Косово- „црвена линија“ за ЕУ?

И додека официјалните претставници на Србија и ан Косово говорат за свои „црвени линии“, во претстојниот дијалог, во Европарламентот наведуваат дека и тие имаат своја „црвена линија“.

„За големо мнозинство европарламентарци постои ’црвена линија’, а тоа е поделбата. Тоа би ја отворило Пандорината кутија, би направило многу други мали држави и етнички групи кои би сакале да бидат некаде на друго место. Живееме во свет во кој нема многу држави со само една етничка група. Сите сме измешани и поделбите не смеат да бида земани предвид“, заклучува во разговор за ДВ, Улрике Луначек.