1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешки обвинувања - слаби докази

По наводните обиди на Иран за напад во САД, официјален Вашингтон бара натамошна изолација на земјата, додека Саудиска Арабија најави продолжување на соработката со Соединетите држави.

default

Во случајот со наводно планираниот атентат врз амбасадорот на Саудиска Арабија Адел Ал Џубаир во Вашингтон, САД вербално се наоружаа, а владата на претседателот Барак Обама свесно на маса ја стави и опцијата за воена реакција. Американскиот вице-претседател Џо Бајден изјави дека САД настојуваат да издејствуваат нови санкции против Иран, при што не е исклучена ниту една опција. И државниот секретар за надворешни работи Хилари Клинтон изврши притисок за заострување на санкциите, воведени поради конфликтот околу атомската програма.

Слаби докази, први сомнежи

Меѓутоа во САД веќе се појавија првите сомнежи дека иранското раководство навистина знаело за плановите. Високи по ранг членови на американската влада истакнаа дека недостасуваат докази дека за наводниот заговор знаело и највисокото иранско раководство. Меѓутоа, повеќе од „веројатно“ било дека духовниот водач и воената елитна единица Кудс знаеле за плановите, изјави претставник на владата за новинската агенција Ројтерс. Ваквите заклучоци се

Symbolbild USA Iran Flagge

Ново заострување на односите САД-Иран

засновале пред се’ на анализите и познавањата како се структурирани и како функционираат Кудс-трупите. Акцијата со сигурност не била планирана вон иранскиот систем на власт. Други делови на распрсканото иранско раководство, како претседателот Махмуд Ахмадинеџад, не морале „безусловно да знаат за тоа“, се вели во кругови во Вашингтон.

Повеќе претставници на американската влада, според агенцијата Ројерс, исто така признале дека наводниот комплот бил невообичаено лошо организиран. Еден од нив изјавил „би очекувале Кудс-елитните единици поефикасно да ги избришат трагите“. Според мислење на друг претставник, планот за напад во САД е далеку „од образецот на последните акции на Кудс.“

Експертот за Иран во Конгресот, Кенет Казман изрази сомнеж во наводните планови. Во контекст на уапсеното осомничено лице тој аргументира: „Продавач на автомобили од Тексас, кој самиот не е вистински член на Кудс и долги години живее во САД - тоа не оди едно со друго“. Би било можно да имал некаков контакт со Кудс-единиците, меѓутоа „идејата за целен и целосно осмислен план - одобрен од повисоки структури во иранското раководство и‘ штети на веродостојноста“, изјави тој.

Вашингтон останува на својата линија

И покрај ваквите задршки, американската влада и натаму решително опстојува на својот став. Во соопштението од Белата куќа се вели дека претседателот Барак Обама и саудискиот крал Абдула постигнале согласност за „решителен

Bundesaußenminister Guido Westerwelle im Deutschen Bundestag

Вестервеле го повика Иран да придонесе за разјаснување на случајот

одговор“, со кој одговорните за заговорот треба да ги сносат последиците за своите дела. Двете страни го нагласиле меѓусебното партнерство. Во соопштението објавено во Ријад, пак, се вели дека станува збор за скандалозен и подол обид. Станувало збор за „интриги, кои не се споиви ни со нормални хуманитарни и етички вредности, ниту со меѓународно правните норми и традиции.“

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле во Берлин го повика Иран да придонесе за разјаснување на случајот. Во соопштението на министерот се вели дека учесниците во плановите за напад и организаторите мораат да бидат повикани на одговорност. Германската влада реагира со олеснување затоа што американските власти очигледно успеаја да ги спречат плановите за терористички чин. Укажувањата за вмешаност на државни ирански органи меѓутоа загрижуваат.

Автор: ХП/ АТ/ртр/ дпа/ афп

Редактор: Е. М. Фиданоска