1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешки казни за четворица бивши елитни војници за масакрот во Сребреница

Во Судот на Босна и Херцеговина денеска (15.06.2012) е изречена највисоката казна во неговата историја. Вкупно 142 години затвор им се пресудени на четворица обвинети за масакрот во Сребреница.

Четворица поранешни елитни војници се осудени денеска во Босна поради злосторства против човештвото во врска со егзекуцијата на околу 800 босански муслимани во Брањево, кај Сребреница. Тројцата босански Срби и еден Словенец, порано членови на елитните единици на босанските Срби, учествувале во шестчасовно погубување во Брањево во јули 1995. година, добија казни во вкупна висина од 142 години. Притоа највисока казна доби обвинетиот Станко Којиќ- 43 години затвор, Франц Кос и Зоран Гороа се осудени на 40-годишна затворска казна и Властимир Голијан на 19 години.

И обвинителството и одбраната најавија жалба на оваа првостепена одлука. Обвинителството смета дека четворицата требале да бидат осудени и за геноцид или во најмала рака за помагање во извршување геноцид, а одбраната ќе се жали на вистината на изречените казни.

Судот смета дека не може да се докаже дали осудените имале и „намери за извршување геноцид“, за да одговараат и за такво обвинение.

Инаку, во масакрот во Сребреница беа убиени вкупно околу осум илјади муслимани.