1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешки времиња за „грешниците“?

Германија и Франција ги усогласија ставовите за воведување построги санкции против земјите на ЕУ со висок државен дефицит. Иако Германија бараше, сепак нема да бидат воведени автоматски механизими за санкции.

default

Ангела Меркел и Никола Саркози во Довил

Германија и Франција ги усогласија ставовите за воведување построги санкции против земјите на ЕУ со висок државен дефицит. Иако Германија бараше, сепак нема да бидат воведени автомаски механизими за санкции.

Додека министрите за финансии на ЕУ во Луксембург ги разгледуваат предлозите на Европската комисија за заострување на Пактот за стабилност на еврото, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози во одморалиштето Довил ги усогласија ставовите: земјите, кои го прекршиле Пактот на ЕУ за стабилност и за пораст, би требало да добијат рок од шест месеци да го коригираат дефицитот, дури потоа би стапиле во сила санкции.

Германската влада со тоа го смени ставот, имено Берлин досега се залагаше за нацрт- законот од Брисел, кој предвидуваше автоматски санкции против дефицитот - воведени од Европската комисија: целта беше да се спречи небрежен однос кон Пактот за стабилност, и на тој начи да се избегне фијаско како што беше со Грција. „Постапката за санкциите би требало да биде пократка и поефективна“, нагласи Саркози. „Но сакаме, Европскиот совет на земјите-членки и натаму да игра одлучувачка улога, имено тој е органот кој треба да донесе одлука со квалифицирано мнозинство“.

Deutschland Russland Frankreich Merkel Sarkozy Deauville

Како противмерка Саркози ги поддржа германските барања за промена на европските договори по две точки: на земјите кои постојано ги прекршуваат правилата за дефицитот да им биде одземено правото на соодлучување и да биде создадена глобална рамка за во иднина да се овозможи кризен менаџмент за земјите кои ќе западнат во криза. „Потребни ни се долгорочни механизми“, за во иднина ’адекватно’ да може да реагираме на кризи“, истакна канцеларката Меркел по средбата со Саркози.

Сомневање во спроведливоста на компромисот

Претседателот на еврозоната, луксембуршкиот премиер Жан Клод Јункер изрази сомневање за спроведливоста на германско-францускиот компромис. Ѓаволот лежи во деталите, рече Јункер по маратонската 12 часовна седница на европските министри за финансии во Луксембург. Германскиот државен секретар во министерството за финансии Јерг Асмусен, кој го застапува поради болест отсутниот министер Волфганг Шојбле, оцени дека компромисот е „јасно зајакнување на правилата на Пактот за стабилност и пораст. “

Инаку, по билетералната средба во Довил, канцеларката Меркел и претседателот Саркози го пречекаа на троен самит и рускиот претседател Дмитриј Медведев. Меркел истакна дека на самитот, кој продолжува денеска, треба да се засили основата на меѓусебната доверба со Русија. Во фокусот на средбата е безбедносната политика.

Автор: Кристијан Валц/дпа/афп/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM