1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешкиот живот на бегалците од руско-грузиската војна

Пет години по руско-грузиската војна, лицата кои се протерани од Јужна Осетија живеат во привремени населби во Грузија. Сепак сите не се чувствуваат таму добро. Би сакале да се вратат, но сѐ помалку веруваат во тоа.

Бели еднокатници со црвени и сини покриви- така изгледаат населбите по должина на патот од грузиската престолнина Тбилиси кон местото Гори. Станува збор за насеби за протераните, кои во август 2008 година мораа да ги напуштат своите куќи во Јужна Осетија во текот на руско-грузискиот конфликт. Вкупно во Грузија има околу 12 такви населби.

Во населбата Шавшвеби (насловна фотографија), 70 километри од Тбилиси, денес живеат околу 560 лица. Пред свежо варосаните куќи се собираат луѓе- некои играат табла, други разговараат. Веднаш по почетокот на конфликот (пред точно пет години на 08.08.2008) луѓето најпрво побегнаа во престолнината Тбилиси. Во декември истата година се вселија во куќите во населбата Шавшвеба. Секое семејство доби куќа со површина од 63 квадратни метри.

Повеќе не добиваат социјална помош

Bildergalerie Grenze zwischen Georgien und Südossetien

Галина Келехсајева

Куќата на Галина Келехсајева се наоѓа на крајот на населбата. Таа е од Осетија, од селото Диди Лиахви. „Кога првпат влеговме во куќата, имавме само 4 кревета, трпезариска маса, 4 шољи и 4 чинии“, се присетува Келехсајева. До денес грузиската држава ги превзема трошоците за сите поправки во населбата. Жителите мораат сами да ги платат комуналните услуги. Сѐ уште не е решено прашањето за канализација. Сепак, секој кој ќе ја посети населбата има впечаток дека протераните имаат сѐ што е неопходно за живот. Во куќта на Галина Келехсајева има и телевизор и удобен мебел. Овошје и слатки на масата.

Тој релативно „добар живот“, велат жителите на населбата, на некои се одразил негативно. Порано сите добивале социјална помош. Но по една контрола кога претставниците на власта нашле телевизори, фрижидери и други домашни апарати на половина од жителите им е укината социјалната помош. Сега месечно добиваат само помош за бегалци во вредност од 20 евра. Многумина се бесни поради тоа. „Бирократи, ни влегоа во домовите и ја забележаа секоја ситница. Многу работи не ги купивме, туку ги добивме на подарок“, вели Нугсар Отенашвили за ДВ. И овој 69-годишник потекнува од селото Диди Лиахви.

22 години во прогонство

Bildergalerie Grenze zwischen Georgien und Südossetien

Наси Бераушвили

И Наси Бераушвили веќе не добива социјална помош. Укината ѝ е поради мебелот кој го има во станот. При тоа тој мебел е мираз од нејзината снаа, вели 51-годишната Бераушвили, која ја изгубила својата татковина пред 22 години. Во почетокот на 90-тите, за време на првиот конфликт во Јужна Осетија, побегнала во селото Ередви. Во август 2008 година морала повторно да го напушти својот дом. Не верува дека ќе може некогаш да се врати во татковината.

Како и другите жители во населбата и таа има мала градина- на тоа е многу горда. Таму луѓето најчесто одгледуваат компири, домати, пченица и сончоглед. Некои се занимаваат и со пчеларство: Сепак тие градини не можат да се споредат со градините во нивната татковина, се жалат жителите.
Владимир Зубашвили е исто така бегалец од селото Диди Лиахви. Сѐ уште се надева дека еден ден ќе може да се врати таму. Секогаш имал добар однос со жителите во Осетија, вели овој Грузиец за ДВ. За сѐ што се случило меѓу Осетија и Грузија, е виновна Русија. Москва „ги наведе на тоа Осетијците“. Зубашвили нагласува дека сепак едно не може да заборави. Грузиската војска прва ги напуштила селата во зоната на конфликт. Дури потоа побегнале и жителите.