1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешка хуманитарна ситуација во Кавказ

Москва најави дека ќе ја замрзне соработката со НАТО. Русија достави свој предлог резолуција за кавкаскиот конфликт во Советот за безбедност на ОН. Меѓународниот комитет на Црвениот крст се ангажира во Јужна Осетија.

default

Илјадници бегалци во грузискиот конфликт

Москва најави дека ќе ја замрзне соработката со НАТО. За тоа бил информиран синоќа норвешкиот амбасадор во Русија. Алијансата завчера привремено ги прекина советувањата со Москва во Советот НАТО - Русија.

Во меѓувреме Москва до Советот за безбедност на ОН достави своја предлог - резолуција за конфликтот во Кавказ. Претходно ја одби верзијата која ја предложи Франција , а која предвидуваше прекин на огнот и целосно повлекување на руските трупи од Грузија.

Русија не се повлекува вистински, преку ден тенковите заминуваат, ноќе повторно се враќаат, обвинува грузискиот Совет за безбедност. Руските сили инаку претходно најавија дека до утре речиси целосно ќе се повлечат од Грузија.

Црвениот крст испраќа свои луѓе во Јужна Осетија

Меѓународниот комитет на Црвениот крст испраќа свои експерти во кризниот регион Јужна Осетија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде дозвола за нивно присуство, изјави претседателот на Црвениот крест, Јакоб Келенбергер во Женева.

Со денови владееше неизвесност, сега медицинарите и инженерите ќе можат да помогнат во Јужна Осетија, се надева претседателот на Меѓународниот комитет на Црвенот крст Келенбергер:

„Од извештаите со кои располагаме, имаме два впечатоци: едниот дека е потребна наша помош, особено за изолираните семејства во Јужна Осетија да можат да воспостават контакти со своите роднини. Но, заштитата и помошта значи дека треба да добиеме пристап до сите луѓе, и кон оние на кои им е скратена слободата.“

Црвениот крст секогаш е ангажиран во кризните региони. Претседателот на организацијата Келенбергер минатите денови во Москва бараше гаранции за безбедноста на неговите луѓе. Руското раководство ја поздрави помошта на Црвениот крест во Јужна Остеија. Од вчера во Гори постои и биро на организацијата, градот, иако не е во Јужна Осетија, е погоден од војната. Женевската организација смета дека само на грузиска страна има околу илјада ранети во војната.

Големи потреби за помош

Црвениот крст минатите недели веќе достави во Грузија околу 400 тони помош. Само во Грузија и Јужна Осетија според неговите проценки 80 илјади луѓе се во бегство. А капацитетите на Црвениот крест стгнуваат за пружање помош на само околу 25 илајди луѓе.

„Слушнав дека постојат околу 600 центри за интерните бегалци,овие луѓесе во голема мерка зависни од помошта на хуманитарните организации,“ вели Келенбергер.

И во случај руските трупи утре навистина да започнат со повеќепати најавуваното повлекување од кризниот регион, Јакоб Келенбергер од Меѓународниот комитет на Црвениот ксрет не смета на кратка акција на неговата организација во Грузија.

„Сега се бориме за пристап, да стигнеме до луѓето на кои им треба помош. Но, би рекол, имам чувство дека таму ќе бидеме потребни подолго време.“