1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Тешка победа на стартот

Германската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во Шпанија стартуваше со тешко извојувана победа против Чешка. Тимот на супер-ѕвездата Дирк Новицки победи дури во продолжението со 83 спрема 78 кошеви:

default

Дирк Новицки беше најдобар на теренот

Со 35 постигнати кошеви Новицки беше најдобриот играч на натпреварот:

„Добро е што победивме на стартот. Знам дека многу нешта не одеа добро. Мислам дека од почетокот настапивме со многу трема. Особено во првото полувреме не ја игравме нашата игра. На тој начин ја загубивме самодовербата, па на крајот се одеше тешко, но заврши добро„.

Играчот Патрик Фемерлинг го истакнува постигањето на Новицки, но укажува пред се на ангажманот на целата екипа:

„Ако секогаш му се додава на Дирк, тоа не е решение за екипен спорт каков што е кошарката ако се сака успех. Добро е што целата екипа го поддржуваше и сметам дека тоа беше клучот на успехот„.