1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешка ноќ за Мит Ромни

Кој ќе се појави како противник на Обама на есен? Останува возбудата во предизборите за претседателски кандидат на републиканците. Во три сојузни држави имаше гласање. А, фаворитот Мит Ромни остана во позадина.

default

Фаворитот меѓу републиканците Мит Ромни на последното гласање остана во позадина

Тоа беше тешка ноќ за Мит Ромни, досегашниот фаворит меѓу претендентите за претседателски кандидат на републиканците. Неговиот ултраконзервативен противник Рик Санторум триумфираше:

„Собравме двојно повеќе проценти од Ромни, тука во Мисури и во Минесота“, изјави Санторум.

Санторум остро го напаѓа Обама

Vorwahlkampf der US-Republikaner in New Hampshire Rick Santorum

Санторум славеше по објавувањето на резултатите од внатрепартиските избори

Тој звучеше самоуверено: веќе не се работи за внатрепартиска алтернатива за Ромни, туку сега Белата куќа му е во видикот – онаа позната вашингтонска авенија Пенсилванија со куќен број 1 600. Нејзините станари треба од сега натаму да ги слушаат многу повеќе гласовите на луѓето.

„За тој на Пенсилванија авенијата 1 600 – ти подобро да почнеш да ги слушаш гласовите на народот“, рече славејќи Санторум.

И така Рик Санторум, херојот на ултрадесничарските републиканци, почна фронтален напад на Обама.

„Дали претседателот на САД ве слушаше, кога се спасуваа големите банки со парите на даночните обврзници“, ги праша Рик Санторум своите поддржувачи во Мисури. А, тие реагираа како што се очекуваше: „Не“! Санторум праша: „Зошто? Бидејќи мисли дека знае подобро, дека тој и неговите пријатели на Вол стрит знаат подобро“.

Бременоста од силување е дар од Бога

USA Präsidentschaftswahlen Vorwahlen Republikaner Rick Santorum

За Санторум бременоста од силување е дар од Бога и затоа не би требало да се абортира

Во Рик Санторум пред се‘ надеж полагаат евангелските христијани- никој не се бори против хомосексуалните бракови со таква опседнатост како тој. Жените кои би останале бремени по силувањето не би смееле да абортираат, бидејќи бременоста по силувањето е дар од Бога, рече Санторум во едно интервју за СиЕнЕн. Додавајќи во исто време дека смртната казна за злосторствата би требало да се воведе во сите сојузни држави.

Мит Ромни утрово доживеа тежок пораз. Дури и во Колорадо, сојузната држава во која Ромни пред четири години триумфално победи со 60 проценти од гласовите, бројките за него изгледаат депримирачки.

„Ако се борите како кандидат на републиканците, тогаш морате добро да ја завршите работата во Средниот Запад на САД “, вели поранешниот политички советник и политиколог Дејвид Џорџен.

Навистина гласањата во Колорадо, Минесота и Мисури се само мало камче во мозаикот на предизборниот маратон. Тука не можат да се освојат делегати за номинирање на партиската конвенција на републиканците. Но, лошиот резултат на Мит Ромни создава лоша слика за расположението кон фаворитите на републиканците и со тоа и во целата партија. Таа до сега не е воодушевена од ниту еден од своите топ кандидати.

Автор: Ралф Зина / Александар Методијев

Редактор: Симе Недевски