1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешка задача за Блискоисточниот квартет

Ново раздвижување во замрзнатите мировни преговори меѓу Израелците и Палестинците треба да донесе денешната средба на Блискоисточниот квартет во Вашингтон.

default

Како да се придвижат преговорите? Американската министерка за надворешни работи, Хилари Клинтон

Првиот човек на европската дипломатија Кетрин Ештон доаѓа на средбата на Квартетот во Ваишнгтон без заедничка позиција на земјите членки на ЕУ. Додека Франција и Шпанија зад кулисите сигнализираат поддршка за барањето на Палестинците за нивната државност да се гласа на Генералното собрание на ОН на есен, Германија веќе му вети на Израел дека ќе се изјасни против таквиот едностран чекор. Блискоисточниот квартет сака дури да ги спречи палестинските лидери воопшто да го постават таквото барање на дневниот ред на ОН. Специјалниот пратеник за Блискиот исток, Тони Блер, изминатите месеци го испрати во повеќе наврати следниот апел.

„Единствениот пат за создавање палестинска држава кога и да е, е патот на преговорите. По секој едностран чекор се отвора прашањето што ќе дојде потоа. Најдобро е повторно да се преговара!“

Dossierbild 3 Geheimdokumente Nahostverhandlungen

Претседателот Обама се обидува веќе подолго да ги придвижи преговорите

Палестинското раководство за сега не ни помислува на таа опција. Се’ уште се побројни гласовите, кои ги застапува и долгогодишниот преговарач на Палестинците, Саеб Ерекат. Тој е свесен дека мнозинството палестински граѓани ја поддржува идејата да се стави на гласање приемот на независна Палестина во ОН. „Ако израелската влада ја продолжува политиката на свршен чин кога е во прашање изградбата нови еврејски населби на палестинските автономни подрачја и ја игнорира визијата на американскиот претседател за две независни држави со граници од 1967 година, тогаш ќе одиме до Советот за безбедност и ќе бараме Палестина да биде признаена со границите од пред војната во 1967.“

Предлог на Обама

Барак Обама ги предложи тие граници како појдовна точка за преговорите меѓу Израелците и Палестинците, оставајќи при тоа можност дури и за размена на територии. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху меѓутоа без двоумење го отфрли предлогот на Обама и продолжи да гради нови еврејски населби на палестинските автономни подрачја. Израел сака да преговара, но без претходни услови, порача Нетанјаху.

Israel Deutschland Bundeskanzlerin Angela Merkel Ministerpräsident Benjamin Netanjahu

Израелскиот премиер Нетанјаху со канцеларката Меркел на прес-конференција во Берлин

Израелскиот заменик-министер за надворешни работи Дани Ајалон побара Блискоисточниот квартет да ги врати Палестинците на преговарачката маса. „Очекуваме јасна најава, која ќе бара од Палестинците да се вратат на преговорите и тоа без предуслови, како и со ставот дека мир може да се постигне само преку соработка, а не преку еднострани потези.“

Судбински сигнал

Познавачите очекуваат дека Блискоисточниот квартет ќе ги поддржи ставовите на Барак Обама за границите од 1967 година и ќе побара од обете страни да преговараат прво за меѓусебната граница и за взаемните безбедносни гаранции, а за подоцна да ги остават уште потешките прашања за статусот на Ерусалим и за враќањето на протераните Палестинци.

Палестинците меѓутоа се решени да одат преку ОН. Тие знаат дека приемот на Палестина во ООН нема да помине поради правото на вето што го имаат САД во Советот за безбедност. Но, доколку во Генералното собрание се соберат две третини од гласовите на сите земји членки, тоа ќе биде сигнал за признавање на Палестина, дури и ако не биде официјално примена во ОН. Израел сака по секоја цена да го спречи таквиот сигнал. Премиерот Бенјамин Нетанјаху во меѓувреме е на светска турнеја и се обидува со сите сили да го смени односот на сили спроти есенското заседание на Генералното собрание, кој во моментов воопшто не му оди во прилог.

Автор: Тим Асман / Горан Чутаноски

Редактор: Борис Георгиевски