Тешка година за германско-руските односи | Свет | DW | 16.11.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешка година за германско-руските односи

Односите помеѓу Берлин и Москва моментално се затегнати. Во изминатите месеци се собра многу конфликтен потенцијал. Хронологија на случувањата.

Денеска (16.11), за првпат откако Владимир Путин се врати во претседателската канцеларија, се одржуваат германско-руски консултација на ниво на влада. Германската канцеларка Ангела Меркел, со рускиот претседател се состанува во Москва. Со него учествува и на форумот за граѓанското општество, кој носи наслов „Петерсбуршки дијалог“.

По стапувањето на должност на Путин, германско-руската средба на врвот, беше одложувана неколку пати. По замената на функциите во Кремљ, новиот премиер и поранешниот претседател Дмитриј Медведев, за малку прво ќе ја посетеше Германија. Ангела Меркел го покани на 21. мај во Штразунд, на заседавањето на Балтичкиот совет. Состанокот на претставниците на земјите, кои имаат излез на Балтичкото море, беше одржан без Медведев, кој во Германија го испрати својот заменик. Меркел со Путин се сретна еден ден подоцна, на први јуни во Берлин.

Нејасни термини на посетата

Подолго време беше неизвесно кога Путин по враќањето од Кремљ, ќе ја посети Германија. Москва сигнализираше дека тој би можел да ги посети прво Белорусија и Казахстан, па потоа да ја посети Германија. Рускиот претседател на крајот преку Минск отпатува во Берлин, но таму се задржа само неколку часа. Истиот ден отпатува за Париз.

Во Русија се очекуваше и термин за посета на германскиот претседател Јоаким Гаук. Но Гаук во Москва не отпатува на отварањето на Германско-руската година во јуни 2012. Поранешниот свештеник и борец за човекови права во ГДР, не негува многу симпатии кон поранешниот офицер на КГБ Путин. Ова зад затворени врати го говорат германските политичари, додека експертите и новинарите истото го говорат отворено.

Многу трпение

До несогласување помеѓу Берлин и Москва дојде непосредно по парламентарните избори во Русија, на почеток на декември 2011. Германскиот министер за надворешни работи, Гидо Вестервеле побара преиспитување на извештајот за наводна изборна измама во Русија. Германската влада изрази жалење поради фактот што стандардите во текот на претседателските избори во Русија на почетокот на март 2012 година, ни оддалеку не одговарале на меѓународните.

В предвид не беше земен ниту апелот, кој Ангела Меркел му го упати на Путин, во земјата да спроведат политички и социјални реформи. Напротив, по враќањето на Путин во Кремљ, усвоени се закони кои го органичуваат правото на собир и демонстрации. Државните служби сега дури имаат право невладините организации да ги означат како „странски агенти“, доколку истите добиваат финансиска помош од странство.

Во Германија сите овие закони се критикувани, но очигледно чашата беше прелиена со пресудата на членовите на рускиот панк бенд „Пуси рајот“, во август 2012. Дури и Ангела Меркел пресудата ја критикуваше како „неумерено остра“. Како што наведе, таа пресуда „не е во согласност со европските вредности“.

Поделба околу сириското прашање

Westerwelle Lawrow Moskau

Министрите Вестервеле и Лавров

Берлин и Москва застапуваат различни ставови кога станува збор за сириското прашање. Русија е „на погрешна страна на историјата“, доколку и понатаму го поддржува режимот на Башар ел Асад, порача германскиот шеф на дипломатијата, Гидо Вестервеле. Неговиот руски колега, Сергеј Лаврв, подоцна во текот на разговорите во Берлин му одговори дека со должна почит, германскиот министер за надворешни работи не е тој кој ја пишува историјата. Подоцна, при средбата на германската канцеларка и рускиот претседател на 1. јуни во Берлин, Меркел наводно го замолила Путин на Асад да му одобри азил. „Нашата страна овој предлог го сфати како шега“, нагласи Лавров.

Непосредно пред почетокот на германско-руските консултации на ниво на влада и „Петерсбуршкиот дијалог“, во односите помеѓу Берлин и Москва се насобра доста незадоволство. Во секој случај, во текот на средбата во Москва, теми за дискусија ќе има доволно.