1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тешката иднина на Ирак

По повлекувањето на американските трупи од Ирак земјата се наоѓа пред големи предизвици. Основите за самостојна држава се поставени, но дали демократскиот темел ќе држи, не се знае.

default

Многу жртви во вчерашните координирани напади во Багдад

„Радосен ден за Ирак“, го опиша еден ирачки полковник повлекувањето на американските трупи од земјата во петокот, на 16 декември. Речиси девет години по инвазијата на американската армија , Ирачаните повторно ја преземаат одговорноста за нивната држава. Но, она по што многу Ирачани долго чезнееја е всушност предизвик за целата земја.

Политичка консолидација и социјална обнова

Irak Ministerpräsident Nuri al-Maliki

Ирачкиот премиер Нури Ал Малики настојува да исклучи важни групи од политичкиот живот

Експертот од Фондацијата за наука и политика од Берлин, Фолкер Пертес смета дека внатрешнополитичкото консолидирање и социјалната обнова се одлучувачки за Ирак. „Прашање е дали политичките групи, фракциите, партиите, претставниците на племињата и на регионите ќе можат да се согласат за тоа да се придржуваат барем до формалните правила на демократијата и да дозволат учество во одлучувањето на сите“, вели Пертес. Владата на премиерот Нури ал Малики настојува да исклучи важни групи од политичкиот живот и со тоа да реагира недемократски.

Истотака е важна социјалната сигурност. За тоа би морало парите заработени во земјата да бидат соодветно распределени. Финансиска основа за тоа веќе има. Ирак во меѓувреме повторно произведува многу нафта, слично како пред војната. Но сите ни оддалеку не профитираат од тоа- проблем со кој Ирачаните во иднина самите ќе мораат да се соочат.

„Во изминатите години одговорноста за се што тече погрешно можеше да им се припише на Американците“, вели Пертес.

„САД навистина носеа голема одговорност и вина. Но конечно токму ирачките фракции и групи беа тие што се спротиставуваа едни на други“.

Регионално - политички предизвици

Irak USA die US-Armee verläßt das Land Feierstunde in Bagdad

Американците заминаа. Кој сега ќе ја сноси вината за се’?

И покрај постојаните внатрешни проблеми , Ирачаните во изминатите години усвоија демократски устав и одржаа избори на целата територија на земјата. Ова е развој кој е позитивен, смета Хенер Фиртиг, директор на ГИГА-институтот за Блискоисточни студии од Хамбург.

„При сите проблеми, тешкотии и жртви, кои ги преживеа земјата по инвазијата на трупите на САД во 2003-та година, Ирак во 2011 година севкупно стои подобро отколку во 2003-та , зашто еден од најкрволочните диктатори на Блискиот и Средниот Исток е отстранет од сликата“.

Еден од најголемите предизвици, покрај внатрешната кохезија за Ирак, ќе биде и позиционирањето во регионот и во меѓународната заедница.

„ Ако Ирак сака да се развива во мир, тогаш е од огромна важност да има добар однос со сите негови соседи“, вели Фолкер Пертес.

Ирак, кој има мнозинско шиитско население, има традиционално добри односи со шиитскиот Иран. Како арапска држава пак, Ирак не може да го игнорира интересот на Саудиска Арабија да биде водечка сила во регионот на Персискиот Залив.

„На ирачката територија сега се отсликува и ривалството меѓу Иран и Саудиска Арабија. Се создаваат клиентели и сојузници и тоа се одразува и врз внатрешната политика во Ирак“, истакнува Хенер Фиртиг. „Конечно Ирак е е значајно место за пренос на саусиско-иранското ривалство“.

За каков пат ќе се определат Ирачаните и колку демократски ќе биде тој , сега зависи само од нив самите.

Автор: Ане Алмелиг/ Симе Недевски

Редактор: Ж.Ацеска

DW.COM