1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Технички универзитет (RWTH) Ахен

Техничкиот универзитет Рајна-Вестфалија во Ахен опфаќа мноштво научни области во својата понуда - од општествени до природни науки, но најпознат е по инжинерските студиски програми.

default

На Техничкиот универзитет Рајна-Вестфалија (RWTH) во Ахен студираат близу 30.000 студенти. Од нив, 5.000 доаѓаат од други земји. Тука може да се студира речиси се` освен право; во понудата има 120 студиски програми: медицина, општествени и природни науки, економски науки, архитектура, како и програми од различни инженерски области за кои се одлучуваат речиси половина од студентите. Така, на RWTH се образуваат многу градежни и машински инженери, електроинженери итн.

Од политехничка школа до универзитет

RWTH е основан во 1870 година под името „Кралска политехничка школа на Рајна-Вестфалија“ во Ахен. Факултетите кои не се во врска со техниката беа отворени после Втората светска војна, со што школата прерасна во вистински универзитет со широка лепеза на предмети. Во 2007 година, Универзитетот беше одликуван како еден од „елитните“ германски универзитети, што шест години по ред на институцијата и` носи субвенции во висина од 180 милиони евра кои се слеваат во научни цели и напредни истражувања. Универзитетот планира во иднина да ја прошири понудата во областа на природните науки како негова основна компетенција. Освен тоа, Универзитетот сака да ја зајакне соработката меѓу природнонаучниците и инженерите.

Исклучиво мажи!?

RWTH in Aachen

Час на Институтот за општа техника на конструирање при RWTH во Ахен

Гласините дека на Универзитетот во Ахен има повеќе мажи не се вистинити. Бројот на женски и машки лица запишани на студиските програми е речиси ист. За некои програми е точно дека има повеќе мажи, како на пример во инженерството, но универзитетскиот живот не се сведува само на учење: во мензата, клубовите и баровите, односот меѓу родовите е потполно изедначен!

Универзитетските објекти

Универзитетските згради се распрскани насекаде низ градот. Во модерниот објект на Универзитетот се наоѓаат, на пример, студентскиот секретаријат, интернационалната канцеларија, централната служба за испити, како и филијала на Одделението за странци на градот Ахен.

Странски студенти

Ахен е особено познат надвор од границите на Германија, пред се` поради инженерските студиски програми кои уживаат добар углед. Странските студенти, во најголем број доаѓаат од Азија, а веднаш зад нив се студентите од цела Европа.

Автор: Ана Грабовски/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска