1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тест за црвено-црвените коалиции во Берлин и Мекленбург Предна Померанија

3,8 милиони гласачи се изјаснуваат кој во иднина ќе биде на чело на покраинските влади и дали досегашните коалиции на социјадемократите и ПДС ќе продолжат да владеат.

Досегашниот градоначалник на Берлин, социјадемократот Клаус Воверајт е апсолутен фаворит за истата функција

Досегашниот градоначалник на Берлин, социјадемократот Клаус Воверајт е апсолутен фаворит за истата функција

Денешното изјаснување за 2,4 милиони гласачи на престолнината со право може да се именува како демократски настан на годината! За првпат својот глас имаат право да го дадат и 60.000 млади мегу 16 и 17 години, се гласа и за Сенатот на Берлон и за 12 те општински совети, а според сите прогнози, фотељата на градоначалникот ќе ја задржи популарниот социјалдемократ Клаус Воверајт. Тој за изминативе години откако е прв човек на Берлин си создаде имиџ на кој многумина може само да му позавидат. Затоа и не изнедаува што според демоскопите е стопроцентен фаворит. Може да смета со над 30 отсто од гласовите, со што е далеку пред предизвикувачот демохристијанот Фридберт Флигер кој има околу 21 процент од избирачите. За 130-те мнеста во Сенатот на Берлин место си барат претатвници на 23 партии. Победата за социјадемократите е јасна, но нејсно е дали ќе продолжи колаицијата со левите ПДС или во игра ќе се вклучат и Зелениет. Клаус Воверајт, кој гласаше во едно училиште во Халензе заедно со својот животен партнер Јоурн Кубицки, вели видувањата за можната коалиција ја изнел и пред гласањето и тие се непроменети. Соработката со ПДС сила добра и тој миоже да си замисли истата и да продолжи. Но може да си замислам и соработка со Зелените. Тој мегутоа ја исклучи големата коалиција со ЦДУ.

И додека во Берлин до 14 часот одзивот на избирачите беше околу 22,3 проценти што е помалку во споредба со 25,9 од последните избори, во Меклебург Горна Померанија картите се целосно отворени. И за партијата која ќе има мнозинство, и за коалчициите. Тука е карактеристично што ова се први покраински избори кои не се одвиваат паралелно со сојузните. Заради тоа и според познавачите на приликите одгласот до 14 часот бил мал. На искористување на демократското право на глас повикаа сите политичари и црквата и тоа со единствена цел да се спречи влезот во покраинскиот парламент на десничарската НПД. И во оваа покраина со околу 1,42 муилиони гласачи до денес владееше црвено/црвената коалиција на социјадемократите и ПДС. Најновите податоци, меѓутоа покажуваат дека демохристијаните се рамо до рамо со социјадемократите и имаат исто како нив околу 30 проценти од гласачите. За сметка на паднатиот рејтинг на социјадемократите, зголемени се симпатиите кон левите партии - ПДС , но и кон десните екстремисти - НПД кои водеа жестока изборна кампања. Последниов месец и половина, спопред Инфратест димап неонацистиоте придобија над 6 проценти од избирачите. Со 7 проценти од гласовите тие влегуваат во покраинскиот парламент, што според политичарите ќе биде минус за имиџот на покраината која важи за најголема туристичка дестинација на Германија.