1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Тестирање материјали во вселената

Од Германскиот центар за авио-вселенски истражувања во Келн се управува со лабораторија за тестирање материјали која се наоѓа на Меѓународната вселенска станица ИСС. Бестежинската состојба отвора нови перспективи.

Центар за вселенски истражувања во Келн - научниците се поврзани со врски за пренос на податоци со Меѓународната вселенска станица ИСС. На тој начин од Земјата можат да управуваат со експериментите на материјали што се вршат во вселената. Покрај нив, во Центарот за астронаути се тренира за наредните мисии. Се тренира на исти апарати какви што има на ИСС. Додека колегите во вселената топат мали количества метали во бестежинска состојба, научниците го вршат истиот експеримент на Земјата. Штефан Клајн од Центарот за авио-вселенски истражувања објаснува:

„На Земјата тешките честички тонат во истопената маса поради гравитацијата. Во вселенската станица при експериментот тоа не се случува, поради тоа што нема гравитација и нема разлика меѓу тешките и лесните честички.“

Количествата метал со кои се експериментира при ладењето добиваат поинаква микроструктура отколку на Земјата. Со тоа добиваат и сосема поинакви својства.

Во оваа постројка, таканаречен левитатор, се топат чисти метали и притоа детално се тестира како течниот метал повторно се стврднува. Наредната година треба да почне употребата на постројката во вселенската станица и треба да овозможи систематски истражувања на различни легури во бестежинска состојба.

Europäisches ISS-Labor Columbus bereit zur Übergabe

Таквите проби потоа научниците ќе ги споредуваат со оладените материјали кои биле истопени на Земјата. Тие ги испитуваат структурите на металните топчиња со електронски микроскоп. Научниците сакаат да знаат кои процеси влијаат врз стврднувањето на металите, како овие процеси се одразуваат врз создавањето на структурите и кои својства произлегуваат од сето тоа?

„Кога се определуваат и треба да се сфатат основни својства, тогаш веќе е познато дека еден метал треба да се загрее само онолку степени над границата на топење колку што е неопходно за дефинирање на посакуваните својства. Секој степен што е заштеден, штеди и енергија и со тоа и време и пари“, вели Клајн.

Целта на научниците е да се создадат материјали од какви што на пример има потреба автоиндустријата - метали кои се лесни и стабилни, а сепак се еластични. И треба да се создаде компјутерска програма која ќе покажува како вакви материи да се произведуваат што е можно најефективно.