1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тесна соработка помеѓу Германија и Кина

Канцеларката Ангела Меркел при денешната посета на Кина договори потесна соработка на двете земји, најнапред во поглед на заштитата на човековата средина. Но, Германија и Кина пред се‘ се гледаат како стратешки партнери.

default

Канцеларката Меркел и кинескиот премиер Џиабао

Тоа беше важна посета за германската канцеларка. Таа беше пречекана со воени почести, во Големата народна хала. Поради влажното и жешко време, а можеби и поради смогот, церемонијата беше преместена во халата. Нагласено пријателски е односот во Кина кон Ангела Меркел. Кинескиот премиер Вен Џиабао одвои доста време за разговорите со шефот на германската влада. На заедничката прес-конференција по разговорите, двете страни ја истакнаа тесната соработка.

Германско-кинеските односи ја пребродија финансиската криза

Канцеларката Меркел ја истакна важноста на стратешкото партнерство: „Можеме уште еднаш да ги поставиме нашите односи на сосема ново ниво. Ние имаме стратешко партнерство, кое ќе го прошириме во иднина. Сметам дека е исправно и важно тоа да се изразува во вид на редовни

Angela Merkel China Besuch

Вен ја пофали соработката на двете земји

консултации на шефовите на владите на двете земји, кои во иднина планираме да ги одржуваме еднаш годишно.“

И Вен Џиабао ги пофали билатералните односи, кои овојпат целосно беа во знакот на економијата: „Германско-кинеските односи го положија испитот во рамките на меѓународната финансиска криза“, изјави Вен и ја пофали соработката на двете земји при справувањето со кризата. Но, имаше и критички тонови. Меркел побара подобри шанси на пазарот во Кина за германските претпријатија: „Укажав дека, сепак, многу ни‘ е важно да видиме дека странските претпријатија во Кина имаат споредливи услови за инвестирање, дека сакаме да нема препреки, и дека ќе го продолжиме меѓусебниот дијалог за заштита на духовната сопственост, кој го водиме уште одамна.“

Кина не ги исполува сите критериуми

Deutschland Hamburg Zweifel an Echtheit der chinesischen Terrakotta-Krieger

Канцеларката ќе ги посети Глинените воини во Си`ан

Меркел, исто така, го отфрли кинеското барање, ЕУ уште сега да и‘ даде на Кина статус на пазарна економија. Со тоа би се олеснил извозот на кинески производи во Европа. Сепак, Меркел рече дека се‘ уште не се исполнети сите критериуми за тоа, како на пример при заштитата на духовната сопственост.

Суптилни разлики можеа да се забележат уште на германско-кинескиот форум за дијалог, кој се одржа утрината, и тоа по прашањето на улогата на медиумите. Канцеларката ја истакна едукативната и критичката функција на медиумите, а она што го рече премиерот Вен звучеше поинаку: „Медиумите треба повеќе да известуваат за позитивните страни на германско-кинеското пријателство и соработка, и повеќе за комуникацијата кај младите луѓе“, рече Вен. Тоа, според него, ќе им користи на двете земји и на целиот свет.

Но, ваквите критички тонови очигледно не можат да го нарушат односот меѓу Меркел и Вен. Како пријателски гест, премиерот утре (17.7) ќе ја придружува канцеларката во западнокинескиот град Си`ан, каде Меркел, меѓу другото, ќе ги посети ископините на познатите Глинени воини.

Автор: Рут Кирхнер/ Јасна Мушиќ Јанчулева

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM