1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тесен резултат на изборите во Израел

Во очекување на официјалните резултати според првичните прогнози, партијата „Кадима“ на шефицата на дипломатијата, Ливни извојува тесна победа на изборите. Зад неа е партијата „Ликуд“ на поранешниот премиер Нетанјаху.

default

Избори во Израел

Прогнозите на трите најголеми израелски телевизиски станици, кои се базираат врз основа на излезните анкети по гласањето, беа усогласени: либерално-конзервативната партија „Кадима“ под раководство на министерката за надворешни работи, Ципи Ливни со освоени 29 до 30 места ќе биде најсилната партија во Кнесетот. Зад неа со два мандата помалку е десно-конзервативниот „Ликуд“. Според првичните прогнози оваа партија освоила меѓу 27 и 28 места.

Третото место најверојатно им припаѓа на ултранационалистичката „Израел Бејтену“. Тие може да сметаат на 14 до 15 пратенички места. „Социјалдемократската работничка партија“ на министерот за одбрана Ехуд Барак, падна на четвртото место и ќе има околу 13 места.

Двајца победници

Nahost Wahlen Tzipi Livni Isreael Wahlkampfveranstaltung der Kadima

Ципи Ливни

Првите луѓе на најсилните партии, Ципи Ливни од „Кадима“ и Бенјамин Нетанјаху од „Ликуд“ се прогласија за идни премиери на земјата.

Но, во „Ликуд“ истовремено има и разочарување, бидејќи партијата не го освои првото место на изборите. Гидеон Сар, член на пратеничката група на „Ликуд“ во Кнесетот, сепак смета дека неговата партија е победник: „Говорам малку претпазливо, поради малата разлика меѓу гласовите мора да ги почекаме официјалните резултати. Но, едно е јасно – драматично се зголеми поддршката за ’Ликуд’ во однос на изминатите избори. Второ, мнозинството го поддржало десниот блок, којшто ја одбива политиката на сегашната влада.“

Кој може да формира влада?


Nahost Wahlen Benjamin Netanjahu Israel Wahlkampfveranstaltung der Likud

Бенјамин Нетанјаху

Факт е дека претседателот на „Ликуд“, Бенјамин Нетанјаху заедно со десно националистичката партија „Израел Бејтену“ и останатите религиозни и национал-религиозни партии може да формира десничарска влада. Според првичните прогнози, десницата би имала 64 места, додека левицата собрана околу „Кадима“ има 56 мандати.

Цахи Хангеби од „Кадима“ смета дека сепак неговата партија е на пат да ја има власта: „Според резултатите победивме. Се надевам дека Ликуд ќе биде фер и нема да игра заткулисни игри. Тоа е нешто што сега најмалку ни е потребно.“

Како алтернатива на десничарската влада на Бенјамин Нетанјаху, е формирање на голема коалиција на секуларните партии. „Кадима“, „Ликуд“ и „Работничката партија“ заедно може да имаат конфорно мнозинство во парламентот. Но, политичките цели на трите партии се многу спротивни, особено кога станува збор за мировните преговори со Палестинците и со Сирија.

Инаку, учеството на изборите е зголемено. Гласале околу 65% од луѓето со право на глас, што е за 2% повеќе од последните избори во 2006 година.