1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Теророт има глобални димензии

Терористичките напади во Мадрид непосредно пред парламентарните избори однесоа околу 200 луѓе. Во меѓувреме се зголемуваат знаците што укажуваат дека станува збор за дело на Ал Каеда. Насекаде во Европа расте стравот дека терористички бранови со поголеми размери сега почесто ќе го потресуваат и европскиот континент. Меѓутоа, тероризмот е глобален феномен за чие совладување не постои рецепт. Сега повторно можат да се слушнат аргументите од времето по 11 септември: тероризмот не може да се совлада со сила, туку мора да се оди во корените и причините: дискрепанцата меѓу сиромаштијата и богатството во светот, нерамнопрваноста меѓу Северот и Југот, игноранцијата меѓу Западот и Ориентот. Она што не беше соодветен одговор и по нападите врз Светскиот трговски центар не е ниту сега по Мадрид. Таквите аргументи се само одраз на непријатното сознание дека ние кон таквите терористички акти сме беспомошни. При што "ние" треба да се разбере сосема глобално и не се ограничува само на Запад, туку врз секоја друга земја во светот. Непријатно сознание кое сепак нешто објаснува: причина не е неправдата на овој свет, туку приемчивоста на поголеми народносни групи за едноставни и примитивни демагогии. Како демагогоијата на Осама бин Ладен и неговите проиврзеници кои ги убедуваат потчинетите и обесправените во исламскиот свет дека нивната беда е директна последица на западната аргонација и желба за хегемонија. Но, дали 11 септември го ослободи потчинетиот Муслиман, како што радо тврдат радикалите? И 11 март нема тоа да го направи. Обата датума и крвавиот терор донесоа само повеќе несреќа. Токму тоа е перфидното во извршените дела: тие не ги погодуваат само невините туку им нанесуваат штета и на оние од чие име го прават тоа. Без обзирност и сочуство и без оглед на личноста. Човековиот живот не се брои. И тоа е сржта на тероризмот без оглед кој се јавува да ја преземе одговорноста. Има уште една причина за ваквите дела, секако не само таа: еклатантниот недостиг на образование во светот. Не недостигот на стандард, туку многу повеќе недостиот на знаење е моторот што ги труе масите и им ги затвора умовите пред логичните аргументи, конечно и срцата за човечките чувства. Дури и кога сето ова на Западот се знае, сепак нема одговор. Премногу сме зафатени со себе и се будиме само кога повторно ќе пукне, но тогаш е предоцна. Оттаму, одговорот за Мадрид, Њујорк и другиот терор може да гласи: луѓето треба да се свесни дека сите се жртви ако не му се спротивстават. Притоа религијата не е битна: експлозивот не познава разлики.