1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Теророт во светот - Хронологија на нападите по оние во Њујорк 2001-та година

Лондон се вклопува во урнекот на поранешните напади -сметаат експертите за тероризам.Ретроспективата на најголемите терористички напади по 11 септември 2001 година ја подготви Рајнер Солиш.

default

Текот и организацијата на нападите во ,11 септември 2001 во Њујорк и Вашингтон-ден што го промени светот. САД се конфронтирани со терор, во досега проценлив обем. 3000 луѓе го загубија животот во нападите врз Треид центарот и Пентагонот. Киднапирани редовни авионски линии се користат како смртоносни бомби. Одговорни за злоделата . самоубиствени атентатори од кругот на Осама Бин Ладен и неговата терористичка мрежа Ал Каеда. Се работи за напади врз западниот свет општо и посебно врз американската блиско источна политика .Преживеаните се шокирани и трауматизирани.

„Слушнавме страшна експлозија , видовме чад ,и сите истрчавме . На другата страна од светскиот треид центар видовме како излегува авионот . Насекаде чад а луѓето скокаа од прозорците.Сите излези беа блокирани , неможеше никако да се помине. Потоа слушнав како вториот авион проби.... А ако се свртиш гледаш луѓе кои скокаат од прозорците . О Боже !“

Вечерта на 11 септември американскиот претседател Џорџ Буш му објави војна на меѓународниот терор. Еден месец подоцна уследи војната против талибанскиот режим во Авганистан , две години подоцна дпоходот против Садам Хусеин во Ирак. Но одтогаш светот не стана побезбеден –напротив ситуацијата се влоши.

11 септември беше само почетокот. На Ал Каеда впрочем не и појде од рака напад од слични размери . Но по 2001 година постојано се случуваа погубни напади кои се доведуваат во врска со Ал Каеда.И тоа во сите делови на светот.

11 април 2002 Тунис: во нападот со експлозив врз една синагога на островот Џерба загинаа 22 лица , меѓу нив 14 Германци.

12 октомври 2002 Индонезија; Повеќе од 200 мртви во бомбашки напад врз островот Бали каде претежно одмараат западни туристи.

28 ноември 2002 Кенија: самоубиствени атентатори пред израелскиот туристички хотел во Момбаза дигнаа во воздух автомобил- 18 мртви.

12 мај 2003 Саудиска Арабија: Ал Каеда е обвинета за серија напади во странскиот кварт во главниот град Риад . Биланс 35 мртви.

Американскиот претседател на почетокот на 2003 година веруваше дека е непосредно следува победата над меѓународниот тероризам.Во говорот пред нацијата тогаш тој рече:

„„Терористите се во бегство. А ние ќе се погрижиме да останат во бегство.Терорист по терорист сега учат што значи американска праведност „

Но Буш сосема погрешно ја процени ситуацијата. Тероризмот продолжи. Секогаш одново терористите безмилосно напаѓаа. Без конкретни предупредувања и без било какво обзири кон цивилисти.

16 мај 2003: Во пет скоро паралелно извршени напади врз западни и еврејски институции во марконаксиот пристанишен град Казабланка загинаа 45 луѓе.

5 август 2003:Пред хотел во индонезискиот главен град Џакарта експлодира авто бомба и 12 човечки животи носи во смрт.

19 август 2003: самоубистверн напад врз централата на ОН во Багдад. Меѓу 22 жртви е и пратеникот на ОН Серџио де Мело.

Кон средината на ноември : серијата напади против еврејски и британски институции во турската метропола Истанбул.4 бомби експлодираа, 61 лице загинаа. Најповеќе од нив турски -,муслимански минувачи , но и британскиот конзул.

Во Европа пред се нападите во Мадрид го потресоа светот: таму на 11март 2004 година експлодираа десет бомби во возови на кратки релации и во смрт однесоа 190 луѓе.

Докази и писма со прифаќање на одговорност немаше секогаш но голем број од овие напади од страна на службите за безбедност се доведуваат во врска со Ал Каеда. Многу нешта говорат во прилог на тоа дека Ал Каеда се почесто соработува со терористички групи кои оперираат локално.Британскиот експерт Пол Роџерс објаснува:

„Ал каеда не е цврста хиераргхиска група. Таа е лабава мрежа. Но се чини дека анти-американизмот и подршката за Ал Каеда ссе повеќе раснат„.

Заштитата од тероризмот е можна само вограници. Најновиот терористички бран во Лондон веројатно нема да биде последниот.