1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Терористи и странски сили ги активирале автомобил-бомбите“

Сириските власти тврдат дека целта на нападите со автомобил-бомби во земјата во кои загинаа 27 лица е да се саботираат мировните напори.

Нападите според властите во во време кога експерти од ОН се подготвувале да се приклучат на владина хуманитарна мисија во опозициските центри.

„Вчерашните експлозии беа спроведени од терористи поддржани од странски сили, коишто ги финансираат и вооружуваат“, обвини весникот Ал-Баат, кој претставува мегафон на сириската владеачка партија, којашто го има истото име како и весникот.

Додека власта ги обвинува бунтовниците за двата напада, во кои загинаа 27 лица, а 140 беа повредени, опозицијата тврди дека зад експлозиите стои власта, и посочува слични напади во главниот град Дамаск и во северниот град Алепо.

Ат-Тавра, друг дневен весник, прстот го вперува кон Катар и Саудиска Арабија, кои повикаа да се вооружат бунтовниците против режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад. Сириските власти информираат дека вчера и други двајца терористи загинале, кога во палестински бегалски камп експлодирал автомобил, во кој имало бомба.

Русија бара од Сирија да ги поддржи напорите на Анан

In this photo released by the Syrian official news agency SANA, Syrian army soldiers and security officers inspect

Оштетената зграда на сириската разузнавачка служба

Тим на специјалниот пратеник на ОН и Арапската лига Кофи Анан треба утре од Њујорк и Женева да допатува во Дамаск, за да разговара со сириските власти за можно примирје и странска набљудувачка мисија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја повика Сирија без одложување да ги поддржи мировните напори на Кофи Анан, користејќи притоа невообичаено црст тон кога станува збор за руско обраќање кон режимот на Асад. Лавров додаде дека Русија не се согласува со многу од одлуките донесени од страна на режимот на Асад за време на едногодишното крвопролевање. Обраќањето на Лавров не се толкува како менување на руската позиција во однос на долгогодишниот сојузник Сирија, туку како желба светот да знае дека официјална Москва смета оти итно треба да запре насилството во земјата.

Вчера илјадници демонстранти, пред се’ од сириско потекло, пред Белата куќа побараа од САД да интервенира во Сирија и да го спречи натамошното крвопролевање. Демонстрантите носеа маици на кои пишуваше: „Имам сон за слободна Сирија“ и „Повеќе не се плашам“. Според организаторот, на протестот имало околу 4.000, а тој бил насочен кон попустливата политика на САД во однос на Сирија. Демонстрантите својот револт го искажаа и кон Кина и Русија, газејќи ги нивните знамиња, поради ветото што двете земји го ставија на резолуцијата за Сирија во Советот за безбедност во ОН.

Автор: Александар Методијев /афп/ројтерс/миа

Редактор: Симе Недевски