1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Терористички напад врз австралиската амбасада во Џакарта

Силна експлозија на автомобил бомба денеска го потресе централниот дел на индонезискиот главен град Џакарта . Најмалку осум лица загинале во нападот кој се случи пред влезот на австралиската амбасада во градот. Властите во Австралија го осудија овој , како што го нарекоа , терористички напад насочен кон оваа земја, а осуда за теророт во Џакарта пристигна и од голем број земји во светот

Зградата на амбасадата по нападот

Зградата на амбасадата по нападот

Сцени на хаос беа регистрирани во центарот на милионската Џакарта , неколку моменти по силната експлозија , која според зборовите на некои очевидци наликувала на земјотрес или удар на гром . Најголемиот дел од нив изјавија дека едно такси возило и едно полициско комби кои се наоѓале пред австралиската амбасадата биле разнесени. Индонезиски безбедносни извори потврдија дека експлозијата била предизвикана од автомобил бомба

Експлозијата можела да се чуе во радиус од 15 километри што зборува за нејзината силина.

Во експлозијата бил разнесен и влезот на австралиската амбасада во Џакарта , но во министерството за надворешни работи во Камбера соопштија дека меѓу диполматскиот персонал нема загинати. Тоа непосредно по експлозијата го потврди и австралискиот премиер Џон Хауард:

"Целиот австралиски персонал е на број и безбеден , и освен неколкуте ситни повреди , нема загинати и ранети“-истакна Хауард

Најголемиот број од загинатите во експлозијата, која ги уништила прозорците и фасадите на сите згради во близина , се случајни минувачи, главно вработени во соседните објекти .

Стотици полицајци и припадници на спасувачките екипи им укажаа помоп на преку 160 повредени во нападот .

Полициски експерти за светските агенции веќе изнесоа проценка дека оваа експлозија била посилна од минатогодишната пред хотелот Мариот во Џакарта ,кога загинаа 12 луѓе. Шефот на индонезиската полиција генаралот Даи Бахтијар,истотака, истакна дека денешниот напад носи препознатливи белези на теророт кој беше извршен врз хотелот Мариот како и во прочуеното туристичко одердиште Бали во 2002-та година.

Тој додаде дека на најновата експлозија во Џакарта, најверојатно стои потписот на малезискиот државјанин Азахари Хусин , кој ги подготвил бомбите за спомнатите атентати.

Азахари инаку е една од водечките личности во исламистичката организација Џема Исламија , која дејствува во југоисточна Азија и за која се знае дека одржува врски со терористичката мрежа Ал Каеда. Индонезискиот министер за надворешни работи , Хасан Вируџа во таа насока истакна дека Индонезија не треба да ги затвора очите пред теророт:

"Ова уште еднаш покажува дека терористите и тероризмот се наши непријатели , и ова треба нашите луѓе треба да бидат свесни , дека ние и натаму имаме проблем од ваква природа и оти треба да работиме заедно . владата и луѓето со цел да му се спротиставиме на тероризмот".

Во меѓувреме австралискиот министер за надворешни работи Александар Даунер изјави оти е јасно дека станува збор за терористички напад насочен врз Австралија .

“ Ние добивме некои совети последниве денови за можен терористички напад во Џакарта кој би бил фокусиран на хотелите во кои престојуваат луѓе од Западот , и ние ги предупредивме нашите граѓани на тоа. Меѓутоа немавме никаква конкретна информација за напад врз австралиската амбасада во овој период”- истакна Даунер кој им препорача на австралиските граѓани да не патуваат во Индонезија доколку немаат особено важна причина за тоа.

Австралискиот премиер Џон Хауард ,пак, истакна дека Австралија нема да биде заплашена од вакви акти на тероризам:

“Сакам да го уверам австралиското општество дека нашата агилност спрема каква било потенцијална терористичка активност ќе биде недвосмислена и се ќе биде сторено со цел такви инциденти да не се случат во нашата земја”- изјави Хауард , реагирајќи притоа на првите искажани стравувања дека парламентарните избори во земјата закажани за 9 октомври годинава би можеле да се најдат под закана од терористички напад.