1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Терористички напад во Кина

Најмалку 16 припадници на граничната полиција во Кина загинаа а десетина се повредени во терористичкиот напад во Северозападниот дел на Кина.Властите неколкупати предупредија на опасноста од напади на Уигурите

default

Армијата будно следи

Нападот се случи утрината околу седум часот, кога две лица од автомобил фрлиле неколку гранати кон група воени полицајци. 16 од нив загинаа десетина се повредени. Напаѓачите во меѓувреме се уапсени. Сеуште не се знае дали нападот е поврзан со ЛОИ. Експертот за тероризам Ли Вај пак е сигурен дека заднината е токму таа:

„ Тоа што се случи во провинцијата Џинџијан беше внимателно испланирано од страна на терористичка организација. Цел беше воената полиција бидејќи таа е надлежна за безбедноста во провинцијата“.

Опасност од внатре

Ли Вај во последно време постојано предупредува дека најголемата опасност од тероризмот доаѓа од внатре од самата земја. Најопасни се уигурските групи, кои се борат за независност на муслиманските региони на земјата.

Неодамна и „Туркменистанската Исламска Партија„ најави напади за време на ОИ. Според некои информации, кинеската полиција годинава уапсила 80 Уигури кои планирале терористички напади. За експертот за тероризам Ли Ваи не е чудно што ова се случува кратко пред почетокот на ЛОИ

„ Олимписките игри го привлекуваат вниманието на целиот свет. Тие се идеална цел за терористите“.

Кинеската армија е во состојба на готовност

Спортските борилишта се под будното око на специјалните сили за безбедност. Се контролира секој автомобил кој влегува во Пекинг. Насекаде низ градот се поставени камери, кои ги покриваат јавните места. Кинеските власти се обидуваат да ги спречат терористичките напади, но и евентуалните протести на незадоволните земјоделци, тибетанците, критички настроениет опозиционери.

Меѓутоа Кина е голема и не можат да се спречат напади врз другите делови на земјата. Ли Ваи за ова вели:

„Таквата можност се разбира постои. Има многу конфликтит во општеството. Кина се развива многу бргу. Не може да се исклучи и личната освета. Како освета кон општеството можно е да се планираат напади по пример на меѓународните терористи за да се изрази незадоволството“,вели Ваи.