1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Терористички напади врз цркви во Нигерија

Во серијата напади врз цркви во Нигерија, денеска (25.12) загинаа најмалку 25 луѓе. Колкав е бројот на повредени се‘ уште не се знае точно.

default

Внатрешноста на една од христијанските цркви во Абуџа

Најтешката експлозија се случи за време на божиќна богослужба во црква, во близина на главниот град Абуџа. Притоа загинаа најмалку 25 луѓе. Акцијата на спасување по експлозијата, според властите, била отежната поради тоа што бесни луѓе веќе не дозволувале никому да влезе во оштетената црква „Света Тереза“ во Мадала.

Одговорноста за овој напад ја презеде радикалната исламистичка секта Боко Харам. Таа е одговорна и за западот во Јос. По бомбата во црква во Јос, според портпарол на владата, непознати лица отвориле и оган брз локалните безбедносни сили. Притоа е убиен најмалку еден полицаец. Во објект во близина црквата се навремено откриени и детонирани уште два експлозива.

Nigeria Anschläge

Боко Харам е одговорна за многу напади годинава, во кои има стотици жртви

Експлозии рано попладнето имаше и во градот Даматуру. Едната била предизвикана од автомобил бомба пред регионалната канцеларија на тајната полиција.

Сектата Боко Харам, само годинава, е одговорна за смртта на 491 лице. На Боко Харам и‘ се припишуваат врски со терорстичката мрежа Ал Каеда. Групата се бори за создавање исламска држава на северот на Нигерија. Нејзиното име значи „западното учење е грев“.

Ватикан остро ги осуди денешните напади, нарекувајќи „знак на грозоморност и апсурдна, слепа омраза“.

Автор: ЕМФ/дапд

Редактор: С. Недевски

DW.COM