1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Терористичките траги од Мадрид водат во Германија

Мадрид / еден ден по нападите од 11 март

Мадрид / еден ден по нападите од 11 март

Терористичките напади од Мадрид е можно да биле планирани во Германија. Повеќе медиуми, повикувајќи се на иформации од германските тајни служби, јавуваат дека најмалку еден од осомничените лица, живеел подолго реме во хесенскиот град, Дармштад. Лицето е еден д петтемина осомничени, уапсен од страна на шпанската полиција во текот на вчерашниот ден и во средата. Агенцијата ДПА и Зидојче Цајтунг, денеска јавуваат дека полицијата и државното обвинителство вчеравечер направиле претрес на станот на Мароканецот. Од полицијата сеуште нема потврда за ваквите информации. За случајот изјава нема ниту од Германската криминалистичка служба.

Вестите дека вкупно тројца од осомничените атентатори живееле во Хесен, како што пишува Зидојче Цајтунг, не се потврдени, исто како и тврдењето дека лицето од Дармштад е веќе подолго време познат екстремист. Државниот обвинител, Кај Нем веќе почнал со истрага на случајот.

Шпанската полиција, од денот кога беа извршени нападите во Мадрид на 11 март, досега, уапси вкупно 19 лица. Во бомбашките напади во четири мадридски предградија, загинаа 190 луѓе, а повредени се повеќе од 1 500.