1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Терминатор“ предаден на судот во Хаг

Тој е обвинет за ангажирање деца војници, убиства и сексуално ропство на девојчиња. Шефот на бунтовниците во Демократска Република Конго, Боско Нтаганда, сега му е предаден на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

Во Меѓународниот кривичен суд во Хаг од вчеравечер (22.03) е екс шефот на милициите во ДР Конго, Боско Нтаганда, кој самиот се нарекува „Терминатор“. Екс генералот кој дезертираше е обвинет за воени злосторства за време на граѓанската војна во Конго во периодот од 2002 и 2003 година. Нтаганда треба да се појави на прво сослушување во вторник, 26.03.2013.

Во обвинителниот акт е наведено дека „Терминатор“ е одговорен за убиство на најмалку 800 селани, за регрутација на деца војници и злоставување на жените како секс-робинки. Нтаганда важи како основач на бунтовничката организација М23 (23. март).

Главниот обвинител Фату Бенсуда предавањето на Нтаганда на Меѓународниот кривичен суд во Хаг го означи како „голем ден за жртвите во Конго“. Ваквиот чекор го поздравија и Советот за безбедност и генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун. Во соопштение на највисокото тело на ОН се вели дека ова е позитивно како за меѓуанродното кривично право, така и за повторно воспоставување на мирот и безбедноста на истокот на Демократска Република Конго.

Шефот на бунтовниците, по кого се трагаше долго време, во понеделникот (18.03) изненадувачки се појави во американската амбасада во главниот град на Руанда, Кигали, и побара да биде испорачан на судот во Хаг. Пред него ниту едно друго лице не се предало доброволно на Меѓународниот кривичен суд.