1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Терминаторот“ пишува и книги

Невообичаена сцена за актерот, политичар и мускулест човек, Арнолд Шварценегер. На Саемот на книгата во Франкфурт, кој заврши вчера, тој ја претстави својата биографија „Total Recall", или „Тотално отповикување“.

Настап на една суперѕвезда. Арнолд Шварценегер ужива во „капењето“ во толпата и става јасно до знаење дека пишувањето книги е тешка работа.

„Денеска станува збор за мојот живот. Да се пишува за тоа беше голем предизвик. За тоа морав да направам нешто што нормално го мразам. Морав да се вратам назад во моето минато.“, порача писателот Арнолд Шварценегер

600 страници е долга неговата биаграфија. Се’ е можно-гласи пак неговата порака:

„Теминатор, гувернатор, едукатор- патот продолжува“, гордо порача холивудската ѕвезда.

За продажбата на неговата книга тој не треба да биде загрижен. На други нови изданија им оди потешко. Понудата во Франкфурт речиси и да не може да се догледа, а браншата е во пресврт. Една книга може да биде печатена...но и не мора.

„Живееме во време на дигитализација. Воопшто не е прашање, дека има се’ повеќе читатели , кои консумираат литература преку електронски читач или Ај-пед. Бројките растат и во Германија“, вели  Волфганг Балк, од издавачката куќа ДТВ.

Саемот на книгата во Франкфурт се подготви за тоа и издавачите нудат интерактивни книги. Светски новитет е тридимензионален софтвер за училишните книги. Хемијата или биологијата одеднаш стануваат возбудливи.

„Таму каде што училишната книга престанува да го покажува нејзиното дејство, имено тогаш кога одиме во трета димензија, тогаш на сцена стапува Сајбер-училницата“, објаснува Мартин Цимерман, од германската компанија за развивање софтвер Визенсо ГмбХ.

Само да се чита, повеќе не е доволно. Се бара активно учество.