1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тео Вајгел : ,, На Македонија и треба јасна антикорупциска политика“

Интервју на Тео Вајгел, советник за економски прашања во македонската влада, за програмата на Дојче Веле Интервјуто го водеше Нада Штајнман

Тео Вајгел (лево) во разговор со Хелмут Кол

Тео Вајгел (лево) во разговор со Хелмут Кол

- Европската унија во моментов се соочува со проблеми, пред се во врска со земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, откако Француѕите и Хопланганите се изјаснија против ЕУ уставот. Оттука се наметнува прашањето: Какви шанси има Македонија воопшто да влезе во ЕУ ?

-Вајгел:

Барањето на Македонија за статус за зачленување во Унијата е независно од кризата во ЕУ и од одбивањето на договорот за уставот. Тоа се две сосема различни работи. Се разбира дека тоа игра некаква улога во однос на расположението, но за одлуката за статусот- кандидат за пристап во Унијата ќе се решава наесен оваа година. Тоа ќе се случи врз принципот на испитување на критериумите , врз основа на тоа за што беше прашана Македонија и какви одговори даде. Верувам дека врз основа на разговоите што во изминатата недела ги водевме како во Берлин така и во Минхен , со сите меѓународни и финансиски институции, дадовме придонес да се раздвижи нешто во позитивен правец.

- Во последно време одблиску ја доживеавте Македонија . Што може да се означи како кочница во развојот на економијата на земјата во правец на ЕУ?

Вајгел:

Македонија прави големи напори, а има и етнички проблеми што се обидува да ги реши . За тоа и се одава големо признание . Македонија може да игра стабилизирачка улога во регионот. Она што е важно е да има јасен правен поредок .Да се има јаснотија во областа на инвестициите . Инвесторите мора да знаат на што се . Тоа е јасна , решителна и усшешна антикорупциска политика. Тоа е многу важно за довербата кај инвеститорите од една но и за одлуката на ЕУ од друга страна.

- Во врска со проблемите на германското стопанско чудо и нивното отстранување, деновиве го изјавивте следново: ,,Верувам дека ненашминканото откривање на вистините е потребно, неопходно, без што не се може“ . Дали такво нешто доживувате во Макеоднија ?

Вајгел:

Мислам дека тоа се однесува на сите земји. Но треба да им се каже на луѓето пред се со какви проблеми сме соочени и дека тоа неможе да се надмине за една, две или четири години, туку дека е неопходен долг период . И на оние земји кои минатата година пристапија кон ЕУ им требаше долг период од повеке од 10 години за да ја надминат транзицијата .

-Дали помагавте во подготовката на економската програма на Македонија ? Дали се појавија проблеми ? Имаше информации според кои Вајгел ја напушта Македонија па потоа тоа беше демантирано. Која е вистината?

Вајгел:

Таквите информации се без каква било одлога . Со македонската влада работам конструктивно и пријателски . Заинтересиран сум за дискусија со сите политички партии и сили во земјата .Своите совети ги ставам на располагање . А програмата и одлуките ги утврдува владата.

- Какви се вашите најоптимистички очекувања во врска со она што Македонија може да го постигне?

Вајгел:

Не говорам за високи очекувања туку говорам за работи што сега треба да се направат. Секој знае дека процесот на трансформација од една поранешна комунистичка држава во слободно народно стсопанство не е едноставна . Ако сите политички сили стојат зад тоа тогаш тоа може и да се постигне . А тоа го докажаа и други држави од Источна и Средна европа .

Нада Штајнман