1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Тео Вајгел за македонската економија

Интервју на советникот за економски прашања во македонската влада, за програмата на Дојче Веле ,, На Македонија и треба јасна антикорупциска политика“ Интервјуто го водеше Нада Штајнман

Вајгел (лево) во разговор со Хелмут Кол

Вајгел (лево) во разговор со Хелмут Кол

- Европската унија во моментов се соочува со проблеми, пред се во врска со земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, откако Французите и Хопланганите се изјаснија против ЕУ уставот. Оттука се наметнува прашањето: Какви шанси има Македонија воопшто да влезе во ЕУ ?

Вајгел:

Барањето на Македонија за статус за зачленување во Унијата е независно од кризата во ЕУ и од одбивањето на договорот за уставот. Тоа се две сосема различни работи. Се разбира дека тоа игра некаква улога во однос на расположението, но за одлуката за статусот- кандидат за пристап во Унијата ќе се решава наесен оваа година. Тоа ќе се случи врз принципот на испитување на критериумите , врз основа на тоа за што беше прашана Македонија и какви одговори даде. Верувам дека врз основа на разговоите што во изминатата недела ги водевме како во Берлин така и во Минхен , со сите меѓународни и финансиски институции, дадовме придонес да се раздвижи нешто во позитивен правец.

-Во последно време одблиску ја доживеавте Македонија . Што може да се означи како кочница во развојот на економијата на земјата во правец на ЕУ?

Вајгел:

Македонија прави големи напори, а има и етнички проблеми што се обидува да ги реши . За тоа и се одава големо признание . Македонија може да игра стабилизирачка улога во регионот. Она што е важно е да има јасен правен поредок .Да се има јаснотија во областа на инвестициите . Инвесторите мора да знаат на што се . Тоа е јасна , решителна и успешна антикорупциска политика. Тоа е многу важно за довербата кај инвеститорите од една но и за одлуката на ЕУ од друга страна.

-Кога се одлучивте да бидете советник на владата секако имавте идеи. Дали ви појде од рака некои од нив да остварите?

Вајгел :

Прво разговарав со одговорните во Европа . Со комесарите на ЕУ, со надлежните генерални директори, со г-дин Бусек од Пактот за стабилност но и со сите други институции. Прво сакав да дознам до каде е Македонија, што сеуште треба да се направи . Своите впечатоци му ги пренесов на премиерот , и му укажав на она што е посебно важно. Како второ, баварската влада во рамките на својата програма и на заедничката комисија со Македонија , пред се за образование во областа на финансиите и данокот и во законодавството, воведе заедничка работна група . Работата треба да продолжи за регулирање на сопственоста, за правосудството и за внатрешната безбедност. Како трето, минатата недела интензивно разговаравме со политичарите, како во Берлин така и во Минхен. Беа застапени сите интернационални финансиски институции почнувајки од Светската банка па до Европската инвестициона банка, Германската Сојузна банка, претствници на Европската Унија организацијата на Бусек, баварската влада и германското министерство за надворешни работи. Седевеме на заедничка маса и разговаравме за тоа што може конкретно да се направи и што може да се финансира . Да видиме кои проекти се зрели и кои проекти можат да бидат финансирани за што поскоро да бидат спроведени. Се говореше за енергетски програми како на пример со Сименс беше потпишан Меморандум за разбирање, но како интересен постојано беше спомнуван и проектот за градење на аеродромот и воопшто сообраќајот. Сега треба да се види кои 5 или 10 проекти би можеле да се спроведат со оглед на финансиската состојба на Македонија со помош на интернационалните и европските банки.

-Вие и припаѓате на христијанско демократската партија ЦСУ во Германија, а се одлучивте да се ангажирате во Македонија каде во моментов на власт се социјалистите . Дали едното оди со другото?

Вајгел:

(се смее) Инаку немаше да прифатам .

-А во што беше предизвикот.

Вајгел:

Во молбата.Имав доволно работа за моите дотогашни обврски. Но бев замолен да ја прифатам обврската .Во една земја како што е Мекаедонија, кога премиерот на земјата ќе ме замоли, тогаш според мое уверување е моја обврска сериозно да размислам за тоа . Јас размислив сериозно. Ако со контактите што ги имам со моите искуства и врски што денес сеупште ги имам ,можам да направам нешто за оваа држава во оваа решавачка фаза , тогаш тоа и сакам да го направам . Затоа и се одлучив да ја превземам задачата.

- Во врска со проблемите на германското стопанско чудо и нивното отстранување, деновиве го изјавивте следново: ,,Верувам дека ненашминканото откривање на вистините е потребно, неопходно, без што не се може“ . Дали такво нешто доживувате во Макеоднија ?

Вајгел:

Мислам дека тоа се однесува на сите земји. Но треба да им се каже на луѓето пред се со какви проблеми сме соочени и дека тоа неможе да се надмине за една, две или четири години, туку дека е неопходен долг период . И на оние земји кои минатата година пристапија кон ЕУ им требаше долг период од повеке од 10 години за да ја надминат транзицијата .

-Дали помагавте во подготовката на економската програма на Македонија ? Дали се појавија проблеми ? Имаше информации според кои Вајгел ја напушта Македонија па потоа тоа беше демантирано. Која е вистината?

Вајгел:

Таквите информации се без каква било одлога . Со македонската влада работам конструктивно и пријателски . Заинтересиран сум за дискусија со сите политички партии и сили во земјата .Своите совети ги ставам на располагање . А програмата и одлуките ги утврдува владата.

- Какви се вашите најоптимистички очекувања во врска со она што Македонија може да го постигне?

Вајгел:

Не говорам за високи очекувања туку говорам за работи што сега треба да се направат. Секој знае дека процесот на трансформација од една поранешна комунистичка држава во слободно народно стсопанство не е едноставна . Ако сите политички сили стојат зад тоа тогаш тоа може и да се постигне . А тоа го докажаа и други држави од Источна и Средна европа .

-Соседите на Македонија долго време по распадот на Југославија заостануваа зад неа, но сепак западните инвеститори инвестираат на пример во Албанија , па дури и во Србија и Црнагора а се разбира и во Бугарија. Зошто Македонија на некој начин е исклучок ,зошто толку малку инвестиции во оваа земја .

Вајгел:

Секоја земја има своја историја ,свои проблеми и секоја земја треба да оди по својот пат . Верувам дека сега при имплементацијата на мировниот договор дека сите вклучени политички сили во Македонија се свесни за својата одговорност. Ако тоа е јасно тогаш верувам дека ќе има инвестиции. Но треба да се има на ум и тоа дека Македонија е мала земја и дека некои инвеститори се прашуваат дали се исплатува да се инвестира за еден толку мал пазар . На тоа пред се мислат банките .