1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Теориски возможно,но практично компликувано

Сигналите од Белград за можно скорешно помирување на МПЦ и СПЦ скопските црковни кругови ги примаат со голема доза на воздржаност.

Помирување меѓу МПЦ и СПЦ?

Помирување меѓу МПЦ и СПЦ?

Можноста Српската црква да ја признае автокефалноста на МПЦ,а за возврат таа да ја признае Охридската архиепископија на Јован Вранишковски,како евентуално компромисно решение е теориски возможно,но во практика комплицирано да се изведе,изјави за Дојче Веле владиката Методиј:

„Изгледа многу дури и наивно оптимистички,особено поради тоа што во некои теориски нивоа е возможно,но практично тоа е прашање како ќе се оствари така нешто.Значи,не е прашањето дали може да се оствари,туку како ќе се оствари,поради тоа -кои се основите или која е базата врз која што црква понатаму ќе егзистира во Македонија како српска црква,а не како македонска,што значи тоа да постојат две православни цркви во една држава.Значи,тука почнуваат вистинските прашања и проблеми.

Во секој случај,вели новиот член на Светиот архиерејски синод на МПЦ,секоја ситуација е подобра од актуелниот статус кво,кога односите меѓу двете цркви се апсолутно замрзнати.

За македонската црква не е неприфатливо постоењето на српска црква во Македонија,но проблематични се нејзините намери,вели владиката Методиј:

„Ако ние имаме да речеме македонска црква во Америка,зошто да нема и српска црква во Македонија,по некоја основна логика.но ние знаеме кои се конотациите на една српска црква во Македонија.Треба да бидеме апсолутно внимателни во тој поглед и се разбира,за нас е најважно дека статус кво позицијата е најлоша.Подобра е секоја варијанта или иницијатива за комуникација и за разрешување на проблемите,така ќе биде добро да почне нешто да се случува навистина на тој план.

Долгогодишната заладеност меѓу двете цркви кулминираше со целосен прекин на комуникацијата и ескалираше во медиумска војна по затворањето на владиката Јован кого СПЦ го прогласи за нејзин егзарх во Македонија.Македонските судови го осудија Вранишковски на казна затвор за предизвикување верска нетрпеливост.Поради ова,македонската држава беше жестоко критикувана од Хелсиншкиот комитет за човекови права,а од ЕУ доби препорака да ја либерализира оваа сфера.Во подготовска е нов закон кој треба да разграничи што е верска заедница а што религиозна група и да ги дефинира нивните позиции и статусот во Македонија.Сеуште не се знае дали новиот закон ќе овозможи регистрација на Охридската архиепископија на Јован Вранишковски.