1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Студирање во Германија

Теолошки факултети и црковни високи школи

Во Германија постојат четириесет факултети со кои раководат Евангелската и Католичката црква. Нивната понуда на студиски програми признати на државно ниво не се чини интересна само за идните свештени лица.

default

На факултетите при Евангелската црква се образуваат свештени лица и наставници по религија, а застапени се и студии по црковна музика. Освен тоа, некои високи школи раководени од Евангелската црква нудат студии од областа на религиозната педагогија и социјалната работа. Тука спаѓаат и т.н. „здравствени професии“ како акушерството, окупационата терапија и негата на стари лица.

Образование на свештени лица

Lutherdenkmal vor Frauenkirche in Dresden

Фрауенкирхе во Дрезден

Како и Евангелската, така и Католичката црква го организира образувањето на свештениците на сопствени теолошки факултети. Различни монашки братства од католичка вероисповед како езуитите, капуцинерите и салезианите на Дон Боско ги школуваат следбениците на свои факултети. Во Санкт Агустин во покраината Северна Рајна Вестфалија се наоѓа единствениот Филозофско-теолошки факултет на Католичката црква чиј основен интерес е насочен кон мисионерската теологија.

Католички високи школи

Католичката црква е исто така основач на мноштво високи школи кои нудат образовни програми од областа на социјалната работа, здравствената нега, религиозната и социјалната педагогија. Од година во година, бројот на лица заинтересирани за студирање на католичките високи школи станува поголем од слободните места. Поради ова, школите сами развија постапка за упис на студенти, како на пример преку информативни разговори.

Neubau der Hochschule für Jüdische Studien Heidelberg

Зградата на Факултетот за еврејски студии во Хајделберг

Во понудата на германските високообразовни институции уникатен е Факултетот за еврејски студии во Хајделберг и Центарот на еврејските здруженија кој е финансиран и од државата и од покраините. Факултетот е отворен за сите заинтересирани студенти без разлика на нивната вероисповед.

Автор: Клаудија Унзелд/ Далибор Стајиќ

Редактор: Александра Трајковска