1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Теодосие: Целта е да се протераат Србите од Косово

Епископот на Српската Православна Црква задолжен за Косово, Теодосије за време на светосавската свеченост во северно Косово изрази уверување дека Србите ќе останат во своите огништа во Косово.

default

Епископот Рашко- призренски Теодосие изјави денеска дека во Косово се скрнават српските гробишта и светилишта за да се „сотре“ се’ што потсетува на српскиот народ и оцени дека крајна цел е Србите да се протераат од Косово. Владиката, благослувајќи ја светосавската свеченост во Звечан во северно Косово, изрази уверување дека се’ што е урнато ќе биде обновено и оти Србите ќе останат во своите огништа.

Директорот на Владината канцеларија за Косово и Метохија Александар Вулин, кој на свеченоста беше претставен како книжевник, рече дека им се воодушевува на граѓаните кои во Косово и Метохија се истрајни и покрај сите тешкотии кои ги снашле.„Не се ова ни најтешки ниту последни времиња“, рече Вулин.

Претседателот на Српскиот национален совет на Црна Гора Момчило Вуксановиќ рече дека Србите од Црна Гора како и досега ќе бидат со српскиот народ на Косово кој ја брани својата земја, светите работи и домовите. „Ако се откажеме од нашиот духовен создавач и косовскиот завет ќе исчезнеме како народ“, рече Вуксановиќ и додаде дека „заедништвото на Србите ги брише вештачките граници и не дозволува тие да бидат етнички, верски и јазични.“

На свеченоста со пригодна беседа се претстави историчарот на уметност Никола Кусовац, а своите стихови ги кажуваа поетите Добрица Ериќ, Милан Михаловиќ и Ненад Раденковиќ.