1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Тенкови против опозицијата во Сирија

Сириската армија со тенкови и е споривставува на опозицијата во градот Хама. Информациите на очевидци неможат да се проверат од независни извори.

default

Снимка од демонстрации во Сирија добиена преку Јутјуб

На северозапад на Сирија армијата навлегла со тенкови во градот Хама, седиште на протестнотот движење, информираат очевидци. Повеќе од 20 лица биле убиени, а многумина повредени, пренесуваат жителите на градот. Агенцијата АФП повикувајќи се на информации од активисти за човекови права информира, дека биле убинеи 45 лица. Војниците навлегле во градот и отвориле оган врз цивили, изјавил за агенцијата шефот на Организацијата за набљудување на човековите права во Сирија со седште во Лондон, Рами Рахман.

Хама речиси еден месец е опколен од сириската војска. Еден лекар за агенцијата Ројтерс изјави дека од тенковите било стрелано и дека биле рушени барикади. Снабдувањето со електрична енергија и вода во градот е прекинато.

Претходно група активисти информираа дека и во градот Деир ал Сор на истокот на земјата биле употребени тенкови.

Овие информации неможат да се проверат од независни извори, бидејќи Сирија ги протера повеќето странски новинари.

Автор: АТ/ СН/ дв/ афп

Редактор: Симе Недевски